Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5525267 пати)

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26010 на: 06 Март 2023, 10:52:06 am »
Чим стар стан во скопјанка се продава за 1600 евра квадрат не знам зошто се драматизира толку. Јас можам да заработам едно 20.000 евра на стан кој што го купив пред 1.5 година. Чим има побарувачка цените ќе се креваат. Simple as that.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk



Апсолутно нема врска цената на станот со скалпирање. Скалпирање би било ако некој во твојата зграда нуди стан по добра цена, пример во Стара Скопјанка за 1.400еур, го купува @Bravo веднаш и го препродава истиот за 1.800еур.
Епа истата логика е кога го купиле на времето за 800 евра и го продава дупло. Ако некој го купил за 1400 и успее да го продаде за 1600 тогаш значи дека има побрувачка и може да се продаде за таа цена. Дали е скалпирање тоа или не, нема никаква врска. Ако и он пред тебе го зел 1600 евра и итно му требаат пари и ти го продаде за 1600 евра ќе се чуствуваш подобро дека не е скалпирање?

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk


Извини, воопшто не е точно. Едно е да купиш стан во 2021 и сега заради покачување на цени да сакаш да го продадеш.

Друго е стан со добра цена во 2023 да го земеш бидејќи ќе можеш да извадиш маржа за продажба бидејќи си го начекал евтино, пред да го купи другиот краен корисник, со умисла него да му го продадеш.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26011 на: 06 Март 2023, 10:56:26 am »
Животот не е дефиниција по бизнис и менаџмент,надвор во џунглата кој фати тој го клава и не го вади. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26012 на: 06 Март 2023, 11:03:29 am »
Животот не е дефиниција по бизнис и менаџмент,надвор во џунглата кој фати тој го клава и не го вади. ;D

За животот или за бизнисот на Голден Кар правиме муабет?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26013 на: 06 Март 2023, 11:14:34 am »
Па бизнисот на Голден кар спаѓа во реалниот живот,пошо во дефиницијата го нема. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26014 на: 06 Март 2023, 11:17:51 am »
Па бизнисот на Голден кар спаѓа во реалниот живот,пошо во дефиницијата го нема. ;D

Аха, а ти мислиш конкретно дека „вредносен синџир“ во реалниот бизнис/живот не постои? Тоа е од книги што ги лажат децава?

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26015 на: 06 Март 2023, 11:22:37 am »
Нели ќе излезеше од муабетов?
Биди морален, почитувај тоа што си кажал.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2907
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26016 на: 06 Март 2023, 11:37:36 am »
Чим стар стан во скопјанка се продава за 1600 евра квадрат не знам зошто се драматизира толку. Јас можам да заработам едно 20.000 евра на стан кој што го купив пред 1.5 година. Чим има побарувачка цените ќе се креваат. Simple as that.

Sent from my Mi Note 10 Lite using Tapatalk

Да, ама ако сакаш после да купиш друг стан пак ќе ги вратиш тие заработени 20.000 е. Исто и со колите што го правиме цело време муабетот, тој што продава кола за да купи нова кола, разликата што ќе ја „ќари“ ќе ја врати со цената на новата кола.
Своерачен потпис ;)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26017 на: 06 Март 2023, 11:47:50 am »
Па бизнисот на Голден кар спаѓа во реалниот живот,пошо во дефиницијата го нема. ;D

Аха, а ти мислиш конкретно дека „вредносен синџир“ во реалниот бизнис/живот не постои? Тоа е од книги што ги лажат децава?
Не јас кога купувам нешто бе се водам по дефиниција од менаџмент и бизнис дали создавала вредност или не.Туку си ја гледам математиката моја,ми се бендисува,можам да си го дозволам го купувам.Ако неможам го бришам од опција.
Според тебе Голден кар пошо не создава вредност туку штета на крајниот потрошувач/купувач не треба да постои,ама постои и си работи си прави пари.
Па не е само Голден кар,туку секој плац е исто.Секоја кола шо ја има на било кој плац е достапна некаде на интернет,само треба да ја најдиш.
По твојата логика и бизнис дефиниција и продавниците нема потреба да постојат,пошо тие купуваат од производителите и ти го продаваат тебе поскапо.
Не купувај леб од продавница,земај директно од пекара или од Жито Лукс.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Славчо

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 22
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26018 на: 06 Март 2023, 12:15:29 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4479538

Што мислите за Витарата?

Имаш нова со 1.4 турбо мотор и хибриден погон за 21000 со 5 години гаранција, што се замараш со овој 7 години стар дизел, издишан од возење.

Е да де, уште да ми дадеш 7к за до 21 и таман. :D

Отсутен TylerMkD

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 332
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26019 на: 06 Март 2023, 12:59:54 pm »
Нели ќе излезеше од муабетов?
Биди морален, почитувај тоа што си кажал.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Ќе излезам од муабетов со вас двајца. Инаку како успеа да утнеш со искористување на моралноста, секоја чест.  ;D

Еве, официјално и целосно излагам од муабетов.

Присутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2592
Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26020 на: 06 Март 2023, 14:09:45 pm »
Немаш високо ниво на морал ако не си го почитуваш ни сопствениот збор. Се надоврзува едно на друго.


А бидејќи си изразито морална особа и почитуваш вредности, плати си 400 000 за екран  и почитувај ја вредноста која инженерите ја додале во општеството овозможувајќи ти смартфон интеграција.

Немој да бидеш неморална особа и да бараш кинески екран за 300 евра thus мамејќи го инженерскиот труд.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26021 на: 06 Март 2023, 16:26:43 pm »
Баш ме интересира колку од вас кои го поддржувате моделот на работа на Голден Кар, би ја купиле Октавијата знаејќи дека ви ја собрал од пред нос затоа што му се може и потоа додал вредност +3000 евра.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 416
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26022 на: 06 Март 2023, 16:37:55 pm »
https://m.reklama5.mk/AdDetails?ad=4479538

Што мислите за Витарата?

Имаш нова со 1.4 турбо мотор и хибриден погон за 21000 со 5 години гаранција, што се замараш со овој 7 години стар дизел, издишан од возење.

Е да де, уште да ми дадеш 7к за до 21 и таман. :D

Ќе ти дае банката или лизинг компанијата, не се секирај

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15255
  • Пудингот на шоферството
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26023 на: 06 Март 2023, 16:39:18 pm »
Друже,треба да разберите дека секоја кола од плац ти е "собрана од пред нос",пошо некој ја продавал.
Имаш досега купено кола од плац?
Нова од салон?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен L

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 92
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #26024 на: 06 Март 2023, 16:50:39 pm »
Друже,треба да разберите дека секоја кола од плац ти е "собрана од пред нос",пошо некој ја продавал.
Имаш досега купено кола од плац?
Нова од салон?

Има разлика во тоа да носиш коли од Германија, да ги потсредиш и да ги продаваш тука и да дремиш на реклама 5 24/7 и да купуваш се што е добро затоа што ти се може.

Кога би постоеле review на препродавачите тука, бизнис моделот на Голден би пропаднал за недела дена, ама има среќа што сеуште сме во среден век и може се да се скрие и замачка.