Koga kje pisat bez denar vlog
Toa vazi dodeka ne sakas da ja nosis na majstor. Togas kje pocne ama sto znae majstorot povekje od nas pa uste koga kje pocne majstorot da naogja maani ovde za krpenje ima ovde ima vamo ima....De bre majstore so edno plaehce i 1000 denari ova se prai ili ja taka ja vozam vekje 1 godina maka nema. Ovde ti frla ulje mu vika sve e lom....neeee koga menjavme ulje ni se isturi kantata
Има и спротивни случаи. Кога купувачите одат на мајстор познаник и пред тоа се договараат да измислат нешто колку да ја спуштат цената.
Така да често пати тоа им е и цел на купувачите кога викаат ајде на мајстор. Намерно да се најде нешто што не постои за да се намали цената.
Не значи дека секој купувач го прави тоа, но има и купци мангупи.
Варијанта 3.
Многу пати има, кога и мајсторот гледа да ќари нешто, па знам случаи дури и кога ти е познаник.
Мајсторите пак прават 2 финти,
Прва е кога ти вели слушај треба да се смени пример пола предница. Или не чини спона, а он уствари ти ја вади старата убава и ти става Ш класа. И тука ем ти вади убаво, ем ти става фалс, и на крај плаќаш за тоа.
Но не е страшно ни тоа. Мајстор може уште повеќе да те зезне и да те присвои како муштерија.
Познавам луѓе што биле зезнати на овој начин. Му носиш кола што си ја гледал за проверка со намера да ја купиш, вели намерно не ја бива, и одма после финта, абе
јас познавам едни што продаваат топ ауто. Ама знаеш какво е? Топ ново, редовно сервисирано, човекот
се менува пред време и тоа кај него. Малку приказна.
Е вака се изгори еден познаник од Штип. Познаникот ем му го претплати Пежото, го купи расипано, ем неможе да му го најде крајот сега.
Инаку интересно е ако се гледа од аспект на продавач, тој е најподложен на загуба во случајов. (Се разбира ова под услов да е поштен и да не крие дефекти)
Така продавачот на возилото може да биде во загуба во два наврати: Прво не знае кај каков мајстор оди на дијагностика.
Замисли ситуација каде ти продаваш ауто кое што е во 100% исправна состојба или пак си ја кажуваш реалната состојба.
Ако мајсторот решил да го зезне купецот и да му ували свое ауто, колку твоето ауто и да е добро, нема да завршиш работа.
Втор случај , ако целта на купецот е да ти намали на цена, тие ќе договорат со мајсторот и ќе ти најдат замерка, па макар и да ја немало.
Инаку јас како и повеќето луѓе што смениле коли во животот, сум бил и во улога и на купец и на продавач.
И имало и поштени и купци и продавачи, каде онака најдругарски завршиш работа.
Ама имало и луѓе кои биле баш дно-дна. Нецивилизирано и просто да ти се згади, исто без разлика дали е купец или продавач.