Мене ми е повеќе дека баш бев имперсиониран за разликата од старата до новата 1.8цвт, затоа и препрашав. Претхондата трошеше 7, ама со новава е околу 5. Причината е преедноставна, бидејќи претходната на 130кмч држеше 3000+рпм, а новава на 130кмч држи испод 2000рпм, околу 1800-1900 ако добро се сеќавам. Затоа и се чудам. Единствена забелешка кај седанот ми беше дека гумите беа нехумано бучни, и изолацијата не беше добра.
Еден колега зема 1.8 нова Корола седан, ја вози низ Македонија и низ Скопје, на скоро 10.000км има просек од околу 4.8. На автопатот возел 120-140.
D-r Ordevski
Таа е спора како точак. Затоа и толку троши.
Со било која модерна кола така да возиш, исто ќе потроши.
11 сек до 100 и 180км/ч макс брзина, се бројки од пред 20 год.
Имав прилика да ме повози низ град, сосема солидно забрзува, особено кога е во спорт, не би рекол дека е спора. Тоа е веројатно затоа што тогаш го користи електричниот мотор. Не секогаш, всушност, многу ретко ти треба максимално забрзување од 0-100, а и каде смееш да возиш повеќе од 120-130 освен во Германија?
Реално, таква кола не се купува за да се тркаш, туку да си возиш релаксирано, економично и "зелено".
D-r Ordevski