Многу работи влијаат на цените од земја во земја.
Прво, различни пазари добиваат различни цени од производителот - тука може да игра улога куповна моќ на самиот пазар, па бројката на возила која би се нарачала, стандардната опрема со која ќе дојде колата (сè што е стандардно во едно возило е евтино, сè што е додаток е поскапо, и тука како пример ќе ја наведам Ibiza-та која ја возевме пред неколку години - кај нас чинеше 17.000 Евра, во Германија исто специфицирана на конфигураторот на германскиот сајт на Seat мислам дека беше околу 24.000 Евра), па на сето тоа додаваме транспортни трошоци (во кои е вклучено и осигурување при транспорт), локални давачки (кои драстично варираат од земја до земја, и на крај маржата на увозникот (дали е регионален или локален исто така игра разлика), па и маржата на самиот дилер кој ќе го продаде возилото.
Вака од ѓутуре споредување цени не е баш реално.