После речиси две години со мултимедиа систем со 8“ екран (800х480 резолуција најверојатно) на допир и шарено екранче од 4.2“ на шалт-табла некои искуства.
Има навигација со моментална состојба на пат и сообраќај во цела Европа, има WiFi хотспот, два УСБ порта, слот за СД картичка, AUX. Има гласовни команди. Нема AppLink. (Тука има целосни спецификации и тест од Tom's Hardware
https://www.tomshardware.com/reviews/ford-focus-infotainment-sync-myford,3206.html)
Во 90% од времето седи на почетен екран. Екранот е поделен на четири квадранти. Телефон, Навигација, Музика/Радио/УСБ/итн, и Систем за климатизација. Навигација користам многу многу многу ретко, и тоа исклучиво да ми ја соопштува состојбата на патот (а не да ми покаже каде да возам). Најчесто ја користам со гласовни команди и за дестинации на кои сум бил. Функционира одлично, не губи контакт со сателити, не се губи низ цела Европа. Кога ја користам, работи беспрекорно. Ама ретко ја користам. НО, убаво е да ја имаш како опција за да не се загубиш по белиот свет. Навигацијата кога работи ти ги пушта инструкциите и на малото екранче во шалт табла, и интерактивно знаеш кога отприлика да се престроиш или маневрираш.
Од целиот систем најинформативно е средното екранче на шалт-табла кое ти дава четири типа на информации наеднаш: Колку км си поминал, средна потрошувачка, моментална потрошувачка
и колку километри можеш да извозиш со горивото што го имаш во резервоар.
Музиката преку УСБ и гласовни команди после индексирање, работи ОДЛИЧНО. Бирање плејлисти, бирање музика, бирање жанр, итн. е многу удобна работа. На почеток бев скептик, но... со тек на време се навикнува човек на таков луксуз.
Синхронизација со телефон е одлична работа. Контакти, СМС, разговори, итн. Ако пораките ти се на англиски/германски ти ги чита со одличен квалитет на изговор. Ако се на македонски и латиница, резултатот е многу смешен.
Системот за климатизација го имам отворено еднаш бидејќи има копчиња за директна контрола од надвор, па нема потреба да влегувам во него.
Заклучок: Корисна работа е. Екранот на допир е исто ОК работа. Дали е најважна работа во една кола? Воопшто не. Дали ја продаваат како најважна работа во една кола? Дефинитивно. Дали следната кола би имала телевизор на средина? Нормално.