Има турбо бензин мотор со плин од фабрика погоден за плин.
Опеловите порт инџекшн турбо бензинци се такви. 1.4 и 1.6.
Многу бучат, не одат, а трошат како да идат.
Многу често имаат проблем со маслените карики на цилиндри и после 50к почнуваат да шмркаат уље.
Нема врска плинот со овој проблем, едноставно моторите се тапа.
Во последните итерации на овие мотори во Инсигнија и Астра проблемот е решен.
Ако бараш Астра Ј барај со поново годиште пред залезот на моделот. Таму би требало да е ок моторот.
мое искуство
возев Astra H 2007 година 1.6 (Z16XE1) 77kw на плин (PRINS) со капалка
помина без дефект 235К км и заради потреба од поголемо возило морав да ја продадам инаку немаше да ја дадам
во град никогаш не ми надминала 10Л плин
забрзувањето си беше ОК за 105кс и тежина од 1350кг