Не го спорам јас тоа, сигурно е од љубов и мерак праено.
Но, од „лош пимп мај рајд“ стилот, ќе треба да се врати во нормала за возилото да има некоја вредност. Вака, со тие фарови, со таа маска, со таа боја, со тие бандаши, со тој интеркулер (кој не верувам дека има некоја употребна вредност)... додуша со целиот стајлинг, темни фолии и којзнае каква внатрешност, освен за некој ист таков „мераклија“, колава е за на преса. Тоа се моите 2 центи, не мора да се согласуваме сите околу стајлингот, но барем да има соодветни делови (фарови, маска и сл) намонтирано...