Незнаев кај да го поставам прашањето а да не отворам нова тема, па ај тука најарно ми се виде
Ми треба службено возило, па најдов Пежо Партнер 1.6 ХДИ 2016 год во Делукс Ауто. Цената му е 7900 евра, но мислам за 7500 дека ќе го дадат. Имаат на лагер 6 возила со километража од по 90ккм па се до 120ккм во зависност од примерокот.
Би сакал да прашам дали некој имал возено како службено, го имаат на работа или било какви искуства со ова возило.
Јас пробав еден од примероците и Ок е онака, не тресе, закочив од 100 до 30 и право се движеше без некој драми и така, сепак би сакал ако може да добијам искуство од некој што има поминато повеќе време со ова возило.
Сите возила имаат ESP и клима што ми е многу важно, на едно од возилата видов му светеше за UREA ламбиче некое внатре, веројатно треба да се достави од течноста на ПСА за катализатори, ама секако тоа возило беше со гребаница на вратата па одпаѓа од игра.
Природата на работата кај мене е таква да се минат годишно под 7000км со возилото и не се оптоватува воопшто со големи тежини често.

