Вчера бев да ја гледам Е39ката што ја коментиравме на форумов. Ќе напишам малку подолг пост, сакам да слушнам мислење и од другите. Не сакам никој од форум да се налути, ниту да си замерам со некого. Колата е ПРЕУБАВА и стварно за тие пари е во ред.
На лик лаже многу, морам да признаам дека ме предомислуваше да ја купам. Инаку моментално има 19ки бандажи. Колата е порно на лик, да ја паркираш и да ја оставиш до обична е39, ќе се заљубиш... Пак напоменувам, за тие пари, колата е одлична, сигурно нема да најдете по таман кола за таа цена, посебно не е39. Е сега ќе напишам подолго ЗОШТО не ја купив.
Колата нема ништо оргинал од М ПАКЕТ, целосно е калемена на најосновен модел на БМВ е39. Единствено од опрема што има е КЛИМАТРОНИК. Нема електрика на задни стакла, со рачки се одвртуваат. Нема шибер. Претапациран волан и мењач во некоја си алкантара. Ентериер сменет, алкантара. Црн кров М сменет. Лајсни ставени отпосле М пакет. отпосле М волан. Фарови штопови и браници М пакет ФЕЈСЛИФТ. Колата е 1996??? На сообраќајна колата е 523, мотор носи 528. Тоа се причините зошто не би ја купил оваа кола никогаш. Да беше фабричка таква, се да е оригинал, без размислување би ја платил и 4000 еур.
Инаку за секој што е заинтересиран, ќе бидам реален и искрен. За тие пари, волку убава е39ка нема. Секој што му се свиѓа колата и што му е влезена во око, нека оди и нека ја купи. Дефинитивно ќе ви прави мерак и дефинитвно ќе се вртите по неа одкако ќе ја паркирате. Во колата се гледа дека се вложени многу пари и љубов, знам како со мерак ги чекаа деловите за ја редат, постојано ја постираа во бмв клуб мк. Колата е правена со ќеиф и заслужува да биде во рацете на некој мераклија. Искрено морам да кажам дека колку и да викам дека не би ја купил и дека не е тоа тоа, политиката се менува кога ќе ја видиш колата во живо. Искрено тргнав со помисла да ја купам колата за да чкрипам со неа, за дрифтање, вртење итн. Ама кога стасав таму сфатив колку пари и живци некој вложил во колата, и дека е греота сето тоа да се направи сол. Оваа кола во таа состојба што е си вреди за секој денар што и го бараат. Доколку беше кај некој од Тетово или Гостивар ќе беше барем 1000 еур поскапа. Толку имав да кажам од мене, се извинувам што кажав негативни коментари, за мене тие се реалноста бидејќи ја не сум љубител на нешто што не е оригинално и фабричко. Сепак колата вреди и е подобра од 95% од е39ките што се продаваат.
Со среќа на следниот газда кој и да биде, се надевам ќе ја цени колата и ќе го цени трудот вложен во неа.