Колава беше на близок човек у фамилија до пред три години, отваран е моторот еднаш, и беше заменета зошто требаше да се отвара втор пат.
Внимателно со возилово.
Значи убава работа е форумот, ќе добиеш некоја информација повеќе 😀
Незнам за моторот, и незнам во каква состојба е сега.
Ја пишав состојбата пред три години, сега незнам како.
Затоа внимателно.
Прв газда не ја продава сигурно, има сменето најмалку 4 газди колку што јас знам.
Лимун си е моторот, 100.000 километри е од прилика животен век (или до прва негрижа за нивото на масло).
Во серијалот покажуваат - што на зезање, што вистина - како поновите генерации на Subaru се уствари проектирани за лесно вадење мотор. 
Па горе доле и со моторот на ова возило се однесуваше како во серијата која ја кажуваш.
На 60.000 беше прв пат отворен, кратко потоа требаше пак ама ја сменија за друга.