Греота е оваа на плин
Не да не е греота, си плаче за плин...
Симо друже го правев муабетот со кумот, му викам стави си плин и уживај.
Не вика, не верувам во комбинации и импровизации после фабрика, да требало да има плин би и ставиле на колата.
И да ти кажам право, го разбирам...
Цел живот возам коли на плин, сецкало, ладно било замрзнала расплињача, горело свеќици, капалки што се дотура уље, па цревцето од капалката не го стегнал тој чиракот убаво со стегата па ми направило лом под хауба, па го заебал индикаторот на ниво на плин при промена на обичен филтер, па промена на филтри, па дизни додатни на возилото, па плинот ваму нечини ваму е подобар, мапи, ебанции, дрканции, компјутери, штелувања.
Наредна кола здравје, никако плин!
Незнам кај кој плинар не бев последниве 15 години, како златна книга сум, ги знам сите низ градов.
Работеле парно греење и им текнало ај ке станеме плинари, ставиле дупла врата на подрумите или изнајмиле лимена гаража и шибај брате.... Им помагаат деца со по 20 години собрани од маало од клупа за 10 илјадарки месечно, а мене ќе ми тече капалката....
Не потценувам никој, крив е мајсторот не децата што помагаат....
Плин да, ама во некоја друга држава, не со ѓубрето од плин кај нас или со овие приучени мајстори.
Иначе Астрата за тој мотор не троши многу, сепак е турбо, мислам дека во град му троши 8/100 што си е таман.