http://www.carclub.mk/2017/05/26/olympia-motors-go-menuva-modelot-stanuva-outlet-za-koristeni-vozila-so-proveren-kvalitet/
Денес бевме на прес. Концептот е тој - наводно, проверени возила од Германија, Холандија и Швајцарија, со реални километри, и што е најважно - компанија што стои позади нив.
Колите што беа донесени (барем тие што можев јас да ги видам) ми делуваа прилично добро, а препознав и неколку македонски коли. Цените се (претпоставувам) во ред, со оглед на тоа дека возилата што се циља да се продадат се не-премногу-стари и не со премногу километри.
Мене ми е субјективно жално што бизнисот со половњаци е толку голем, ама па тоа е.. Како и да е, еве уште едно место за половни возила, али барем со колку-толку проверена историја и некаков квалитет.
Помина 1 година од отварањето, некој да сподели искуство?
Колку возила имаат продадено за 1 година?
Дали има незадоволни купувачи?
Дали навистина носат саглам коли без никакви дополнителни вложувања?
Дали моменталната понуда сеуште е прескапа како што велевте лани?
Прашувам бидејќи сум реално заинтересиран старата кола да си ја заменам за стара - ама понова, со лизинг по можност.