Да, беше на мој другар што сега си го зема црното Ауди А4 на членот од Кавадарци(Сега што има Тигуан). Веќе 6-7 месеци е на друг газда. Инаку алфава има нов сет замаец пред 15-20.000км, има и ново турбо пред 25-30ккм, изваден и е ДПФ-то и софтверски и хардверски. Сменета и е сајла за рачна која памтам дека доста скапа беше. Додека беше кај нив секогаш е редовно одржувана и не беше никогаш штедено на тоа. Додека е во Велес нема преживеано сообраќајка некоја, пред тоа не и ја знам историјата. Првиот газда беше мислам од Гевгелија, сопственик на Паскалин кафе, така да може некој од тој реон знае повеќе за неа. Другарот мој не беа многу задоволни од колата, па заради тоа и ја дадоа.