Која е процедурата да се донеси возило од Словенија ? Се работи за Поло 6н 1.0 за делови...колата е исправна 250 евра е од таму, што како би дошла до овде...?
Мораш да ја донесеш на регуларни табли. Ако ја донесеш на цол табли, ќе мораш или да ја цариниш, или да ја изнесеш од Македонија.
Ја купува некој што има регулирано престој во Словенија, и ја купува на регуларни табли. Плаќате осигурување за 5-10 дена со зелен картон, и ја возиш сосема нормално во Македонија. (Колта мора да има технички преглед).
После, за одјава, треба сообраќајна + таблиците. Треба да ги скриеш/да не ти ги најдат на излез од царина., затоа што изнесување на регистерски таблици без печат од царина е царински прекршок.
Не сум сигурен дали АМСС издава полномошна за управување на трети лица кои немаат регулирано престој во Словенија. Ама ако се пополнува картонче како кај нашите технички прегледи, може да најдете некој Босанец да ви заврши работа. :-)