Лансерот ти е сочуван и е подобар од голем дел од тие на огласи али стави го на оглас ќе видиш дека никој нема да ти даде повеќе од 5500 за него. Ретко кој вреднува добра кола. Периодов барам кола и колку ѓубре се изнагледав тоа е страшно, а кога идам пак на истите плацеви и коа ќе видам дека најголемите кршови шо сум ги видел ги продале се чудам. Сите гледаат шо поевтино да поминат така да за нив нема зашто твојот лансер да го вреднуваат повеќе од другите. Јебига си купил кола шо многу брзо и падна цената...