Нее гии бивааа ни едеен. Еден има само у куманово асален. Али не ќе идам на секое до куманово. Секој мотор си е своја приказна кај форд. Ваг 1.9 тди на се има изнаставано. На другар му се заеба една дизна за пола саат најде се шо му треба за 5 саати ја оправија колата и помина со 40 евра.
Кој е тој мајстор во Куманово? И јас барам саглам мајстор за форд.
Од кај тоа дека не ги бива Форд. Старите ТДДИ мотори се неуништливи. Проблем се мајсторите и сопствениците. Колите се одлични. Само што кородираат побрзо од Опел.
Тоа дека 90 посто мајсторите знаат да исклучиво за Голф 2 и толку. Тешко се наоѓа асолен мајстор. Башка добар мајстор има секогаш вишок штрафчиња и едно ќе поправи а 3 ќе расипе.
Истото мислење го делам и јас. До скоро возев голф 4, и од тие мајстори што знаат
СЕ за голфови ми е преку глава. Со редовно сервисирање и менување на делови, имав проблеми како на пример замастен ребраст каиш, искривени штрафови со уништени навои на предница која ја менував два пати на 50000км, за 2 години трикратно полнење на клима, од кои само едно беше реално потребно, (ова посебно ме изиритира) и ред други ситници. Ова е се од кумановски мајстори, а во Скопје репарирав бош пумпа, исто така за џабе пари, ама на крај пак добив одговор дека иако се сменети сите потребни делови, електрониката плус знаела да прави проблем и дека колата може да ми трокира во лер што и се јави при првото заладување на времето. Значи во сите случаи станува збор за човечки фактор, неуки, неписмени, преварантски мајстори, со скапа опрема која не знаат да ја користат. Денес сите станаа мајстори, каде и да го однесеш голфот никаде нема да те вратат
Инаку сакам да напоменам дека резервни делови за Форд Фокус во однос на Голф 4 се за околу 30-тина посто поевтини. Да не мисли некој дека голфовите се претерано евтини за одржување.