Автор Тема: Интересни понуди на користени возила.  (Прочитано 5447181 пати)

Отсутен portimao

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 17
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29985 на: 25 Јули 2026, 19:36:39 pm »
Разбирам што сакаш да кажеш, но не го разбирам продавачот зошто не ја објавува цената јавно и каква корист има од тоа секој да му ѕвони и да го прашува колку ја продава колата? Овој момент навистина не го разбирам што добиваат продавачите на ваков начин? Ако ја објават цената јавно, некој што е заинтересиран за таа цена ќе ја купи таа кола, а не да се ценка преку телефон од типот купувачот да му каже колку нуди? Ако ме прашате мене ова се непотребни или бесмислени гимнастики на продавачите со цел само некој да му ѕвони или „као нешто му се дешава“?  :-\

И едно големо фејспалм на сите продавачи што продаваат станови, коли, куќи, камиони и што све не, по цена од 1 денар или некоја бесмислена вредност.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Баш така.

Стави цена од 1€. Ќе ти се јават 200 луѓе. Кажи некоја цена што прави логика само во твојата глава, никој нема да купи, ама битно телефонот да ѕвони.

Ко голф 6кине по огласи ставени за 5€. Претпоставуваш 5,000€, му се јавуваш, ти кажува 9,000€. Зошто? Имала команди на волан и ХАЈЛАЈН опрема.


Отсутен Jimny

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3745
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29986 на: 25 Јули 2026, 20:05:48 pm »
Па Голф 6 за 5.000 евра во Македонија тешко дека ќе најдеш. Под 6.700 евра речиси и да нема, а и тие што се по таа цена најчесто се во очајна состојба. Колите кај нас се прескапи, пазарот е мал и нема голем избор исто важи и за новите и за половните. Белким со можноста за увоз на половни автомобили од Кореја ќе има намалување на цените.
You have to start with the truth. The truth is the only way that we can get anywhere. Because any decision-making that is based upon lies or ignorance can't lead to a good conclusion.

Присутен FreeRoger

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 20
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29987 на: 25 Јули 2026, 22:36:40 pm »
Разбирам што сакаш да кажеш, но не го разбирам продавачот зошто не ја објавува цената јавно и каква корист има од тоа секој да му ѕвони и да го прашува колку ја продава колата? Овој момент навистина не го разбирам што добиваат продавачите на ваков начин? Ако ја објават цената јавно, некој што е заинтересиран за таа цена ќе ја купи таа кола, а не да се ценка преку телефон од типот купувачот да му каже колку нуди? Ако ме прашате мене ова се непотребни или бесмислени гимнастики на продавачите со цел само некој да му ѕвони или „као нешто му се дешава“?  :-\

И едно големо фејспалм на сите продавачи што продаваат станови, коли, куќи, камиони и што све не, по цена од 1 денар или некоја бесмислена вредност.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Баш така.

Стави цена од 1€. Ќе ти се јават 200 луѓе. Кажи некоја цена што прави логика само во твојата глава, никој нема да купи, ама битно телефонот да ѕвони.

Ко голф 6кине по огласи ставени за 5€. Претпоставуваш 5,000€, му се јавуваш, ти кажува 9,000€. Зошто? Имала команди на волан и ХАЈЛАЈН опрема.

Но, кога ќе чујам „колку нудиш?“, а тој ставил 1 денар ми доаѓа да му речам 2 денара друже.
-Шо?
-- Е шо де.  ;D

Јас ли да му кажам колку треба да бара за производот?  :-\

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18127
  • Giulietta QV 1750 TBi
    • Instagram
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29988 на: 25 Јули 2026, 23:24:39 pm »
Имав таква дискусија кога сакав да купам Fiat 500 1.4... Кумановец продавач. Пишал цена 1 евро, и ставил опција „Сакам да добивам предлог за цена“.

Океј викам, ајде ќе пробам. Му пишувам 3650 евра понуда. Ми враќа „ако најдеш друга ваква за 3650 евра, кажи ми да ја купам“. Му пишав „или стави си цена или не се понашај како од планина симнат“.

Не ми врати ништо, колата уште стои на оглас и после 5 месеци. Сеа онака од ќеиф ќе му пишам „а сеа за 3650 ќе ја даеш?“

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7852
Одг: Интересни понуди на користени возила.
« Одговори #29989 на: денес во 00:06:07 »
Бегај подалеку од Кумановци.  ;D