Кажав што сакам да кажам
Времињата се менуваат, мора да се гледа напред.
Мене лично 90% од сите извозени километри во животов ми се со мануелен менувач зошто такви беа времињата и таква беше колата. Сепак и кога го возев мануелниот бев со овој став, нужно зло е во такво возило(Ауди А4) и постои таму само од финансиски причини, заради превисоките давачки и цени на возила во Европа каде што спроедебено со Америка на пример се смешни. И сега возам скоро секојдневно ајваромешалка (Пежо 208) но таков е типот на возилото и тоа е тоа, здрав и жив сум. Тука се работи за убава спортска лимузина со 6 цилиндри и 200кс каде што сметам дека мануелниот менувач не и е соодветен. Сеуште си стојам на ставот кој го имам искажано и предходно неколку пати. Како и да на крајот секој сам си одбира кола и си ја бира според неговите гледишта, сфаќања и замисли.