Дизели не гледав, прилепското Мито стигна во Македонија покасно откако го купив моето. Чисто информативно се јавив на човекот зошто немаше цена, а колава е речиси идентична со мојата (освен 60.000 километри плус што има), и точно пред 1 месец ми кажа цена 4200 за продавање му била, така да сега веројатно 4 рамно ќе сака.
Имаш и други примероци, разгледај убаво. Почнаа да ги увезуваат активно сега, па се надевам ќе почнам да гледам и по отпади
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=4137710 - Малце чудна конфигурација на мотор/мењач, 1.4 120 коњи не се нудел никогаш со 6 брзини мењач, и се произведувал до крај на 2011. Голема е веројатноста да има утнато нешто продавачов, дали година на производство, дали моторот, дали менувачот... или сите заедно