Јас ви кажав мое лично искуство и тоа е тоа, колата нема торк, убрзава тегаво, и треба време да постигне брзина. Сум возел појако и побрзо, и знам дека никогаш не би купил оваква варијанта на BMW 6. 630d e 20 пати посилна и многу логично има турбо што ќе те залепи, ама 630i е смешка.. . Гледам горе некој пиша дека е комфортна? Кој комфорт, која комоција? Простор за патникот десно ? - ич. За позади не правам муабет ајде купе е, ама нема место ни нозете кај да ги оставиш. Шоферско искуство- задоволително ниво, ниско седење, спортска суспензија( премногу крута за толкава и толку тешка кола), менувач автоматски, кој во спорт мод апсолутно ја рика како блесава на обртаи за да може да ја залета. Може рачен менувач ќе биде доста побрза ама па овој модел на кола со рачен менувач?😐 поарно купи си тројка е92, барем ќе добиеш слична суспензија и сто пати подобра и поубава кола.