Ја сам истерав увезување, не беше страшно, недела дена за документација и толку. За парите е малку незгодно, не знаеш точно колку ќе те штават, ама отприлика знаеш што е муабетот...
Браво ако си успеал толку брзо да завршиш работа, јас еднаш го имам правено ова 2010 и ми требаше цел месец до таблици, може е сменето нешто во поново време. Не ми е толку до парите колку што си во незнаење и изчекувањње.
Би платил добри пари за човек од доверба да ми ги брка сите работи само јас кола да си одберам
Да да, стварно толку беше. На граница поминав на шпедиција, ми направија увозни документи, ме измерија на вага, од таму на терминал во скопје да одлежи 24ч, тие 24ч царина направи процена на колата и ме репнаа колку што мислеа, па после правац во ПСС на технички, таму го имав ЦОЦ документот од колата, па немаше потреба од додатна хомологација и ТУВ-МУВ, и единствено што чекав беа некои 5-6 дена интерпол проверка преку МВР.
Во меѓувреме имав месечни ЦОЛ табли, и осигурање, па не ми беше проблем дури и повеќе да траеше процедурата.