Дали ја познават некој колава и мислење за неа и моторот
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1640701
Километрите се враќани пред 3-4 години на 180 000, а беа преку 250 000-260 000 км (околу 70 000 вратени). Што значи сега не верувам да има под 300 000 км. Изгледа и овај газда ја има целивано

Беше добро одржувана во џеповски, имаше проблем со катализатор и нешто во ецу-то за кое во џеповски или мак кар му бараа 2000 евра, среќа се реши за 200 евра, но не ми текнува како, одамна беше. Надворешно имаше многу гребаници и беше чукнато едно крило (мислам предно) па сета беше прешприцана но немаше никаков сериозен удар. Проблеми со мотор немаше, примаше многу добро, плин немаше, многу беше стабилна па можно е фабрички да имаше некој пакет за спуштање, имаше солиден ауспух но не од оние што брчат многу туку дискретен добар звук подобар од фабричкиот но не знам дали беше од грана или само лонец. Сигурен сум дека не е втор газда. Можеби трет, а ако е препродадена во куманово повторно можеби и н-ти газда

И друга работа, пролетва беше пишана 7200 на оглас колку што имав забележано по огласиве, не знам зошто сега рипнала ценава 1000 евра. Можеби некој поголем сервис и регистрација. Сепак види си ја во живо и симни му на цена за километрите и за то ако не е добро офарбана.
Тоа е се што знам за колава, се надевам дека не зборувам за друго бмв, али 90% то e
