Пред недела дена приметив дека ми работи само селфи камерата (и селфи видео) и нема шанси да ми се вклучи обичната камера како опција на екранот, ниту на вајбер, ни на фб, ни инстаграм, апсолутно никаде. Тачот си е океј, не е проблемот тука. Последно што памтам дека сакав да сликам и ми функционираше камерата е кога трчав на лента во теретана, каде што имам приметено дека пецка струја кога ќе допреш кај рачките или делот за оставање вода, телефон... Дали е возможно од тоа нешто да ми се пореметил телефонот или некој некоја идеја да има во што е проблемот?