Добро сепак онак има разлика...
Пример SsangYong korando 4х4, е 18.000 евра, имаш одличен дизел мотор со 175 коњи.. Фулл опрема (климатроник, навигации, алу бандажи, команди на волан....)
Додека иста класа бмв/мерцедес со иста опрема (можи и помалце) со сличен мотор ти е најмалце 40/50.000 евра...
Сепак и корандото и мерцедесот ќе ти прават ќеф и све.. Ама едно е да возиш мерцедес друго е кинез или незнам што...
ти свесен си дека збориме за уред кој што првично (сега више и официјално) е дизајниран за да ти биде во џеб или во рака? па неколкуте нај употребувани функции се ало-ало, меил, и социјални мрежи? поготово социјалните мрежи... дали додека штракаш на фејс, вибер, твитер и незнам што уште, кога збориш и кога проверуваш мејлови, дека во тој момент воскликнуваш во себе дека телефонот ти е “од скапите“ или тужно го правиш тоа, затоа што е од ефтините?
да те праша некој у тој момент што телефон е, ке ти требаат 5-10 секунди да се соземеш пред да одговориш на изненадно глупото прашање, на кое не си можел да одговориш одма... и кога ке го додадеш моментот дека телефонот не ти служи за фалење низ маало, тогаш доаѓаш до моментот каде разумот преовладува и ти вели:
тој телефон е потполно ист по големина, брзина, квалитет на слика, меморија и дрн дрн дрн, исто како и оној скапиот... имаат ист андроид, имаат исти функции, се е исто... и апликациите се исти... која е разликата? разликата е во тоа што на скапиот телефон му го плаќаш името.. тоа многу кошта, а “под хауба“ се исти... исти и во цена на производство...