Надоградено синоќа, Лолипоп 5.1.1. Ме масираше малку, прво надогради на 5.0.2 од 4.4.4, па кернел апдејтираше, па пак 5.0.2 некој апдејт, па пак кернел, па 5.1.1, пак кернел, пак нешто 5.1.1, па за последно кернел.
Ќе треба да се навикнувам на некои работи, пошто се сосем различни, ама не е страшно. Визуелно изгледа остро, интересно, мазно работи, нема "икање", нема overheating.. Има некои работи што се додадени, и се многу практични.
Ме плашеше батеријата, ама изгледа дека нема да има мака. Дури на подобро ми изгледа. Синоќа го оставив на 10% батерија, пошто сакав да го изпразнам скроз, па да го наполнам, за да се калибрира батеријата. После 10-11 часа, батеријата пак беше на 10%. Претходно знаеше преку ноќ да падне од 1% до 3%. Ми требаше пола саат "хеви" чачкање да го изпразнам.
Откачен од полнач веќе сигурно 5-6 часа, тек сега падна на 99% батеријата.. Додуше, и не го чачкав, само разговори, ама и тоа малку.
Дефинитивно добра надградба, бар за сега. Ќе видиме наредни денови, па ќе рапортирам.
Се обидов, многу поделени ми се мислењата..
Многу се жалат од батеријата по надградбата. Ако го загубам тоа, ќе се обесам..
Батеријава на телефонот е неверојатна.. Заборавам кога го полнам, со moderate користење, претежно разговори и вифи интернет..
Ставај некој кастум Лолипоп ром и терај.
Не ми се пипа тоа чудо. Нема потреба, Андроидот на Сони е прилично добро "испеглан". Ќе се дрзнам да го доближам многу блиску дo иОС, иако немам некое преголемо искуство со истиот.
Не сум работел сега брзо лолипоп на Сони, али додека имав некои иксперии КК не ме бендисување баш, многу лаг имаше низ лаунчер и слично.
Е па види, Xperia T3 и Xperia Z3 не може да го манифестираат КитКат исто, нели? Кај мене е лаг-фри, синс деј уан. Бар јас не сум осетил нешто да ми закочи.
Абе каков кастм за Сони? Перфектни си се нивните стандардни.
најдобар андроид имаат.
Апсолутно си во право. Прекрасно оптимизирано, со оглед на тоа што го користам телефонот веќе речиси два месеци.
п.с., прв рестарт му беше вчера, после првите денови на користење. Некаде 1.050 часа работа, без потреба да го рестартирам.
Мене тоа многу ми значи. Ќе видам деновиве со батеријата, па ќе пуштам некој скрин-шот.