А има на некој телефон што не му е мана батеријата според ривјуава по интернет? Според мене доволно е да издржи од сабајле до легнување навечер.
Јас кога читав ривјуа за ЛГ Г4, секаде пишуваа дека батеријата не држи, дека е послаба од конкуренцијата и сл. Можеби е стварно послаба во издржливост, не сум користел С6 и сл. Го зедов телефонот и издржува еден ден со 5+ часа скрин он и цело време вклучено вифи или 3г. Доколку не го користам премногу издржува два дена со околу 3 часа скрин он. Искрено не знам шо очекуваат луѓево од ооолкави екрани, над 5 инчи.