Сонито дефинитивно,страшен телефон. Батали с5. Толку.
Кул.
Јас би одел на Z3.
Кога го зимав Нотево месец пред тоа дојде Z3 и веќе за новчаник бев фатен за Z3, ама успеав да почекам да дојде Ноте. Значи ич да не се мислиш за Z3, воопшто нема муабет. Тој телефон е прекрасен, има гаџети што ќе си ги докупиш (мораш!) магнетно полнење, нешто такви ствари. Има да биде милина. Ќе си ставиш се да ти биде во Stamina mode, освен Whatsap и Viber, абе телефончето е рај на душата. Поготово што е Z серија и има редовни апдејти колку толку.
Земај и не гледај назад.
S5 е феноменален телефон, ама екранот има зелена нијанса, од друга страна супериорен контраст, полош софтвер, подвеќе маски и бампери, има физички копчиња што е супер... итн.
Јас на твое место така би играл. Да имаше 6-6.1 инчи Z3/Z4/Z5 ќе го земев веројатно. 
Поздрав, и да му е мерак на човек вака убаво да препорача нешто. Браво за размислувањето и за изборот досегашен. Немаш утка што и да земеш.
Тоа е тоа. Благодарам.
Diesel, каков Idol користиш моментално, пошто викаш дека кочи при нормално користење, и како си задоволен општо од телефонот? 
Idol 6030D. Телефонот е океј, само има некои багови, кои се нерешливи, и нема апдејти. Именикот 9 од 10 пати крашнува, и ми се одлепи тачот во 1/4 од екранот.
Гаранцијата не ми ја признаа, ми го држеа телефонот цели 30 дена, за на крај со образложение дека телефонот е неовластено сервисиран и механички оштетен, и да ми го вратат со една супер длабока гребнатина на задниот дел.
Побогу, телефонот не (беше) е гребнат, а камо ли паднат, а со тоа и механички оштетен. Каков морон би бил да сервисирам неовластено телефон кој е уште под гаранција, и чие сервисирање би чинело повеќе од самиот телефон? Ама, оди разбери се со стручњаците..
Малку се комплицирани французиве, пошто кога ќе дојде вакво нешто се менува цел екран комплет, а тоа кошта повеќе од 100 евра.
Фала, ќе си купам нов.