Јас би одел на Z3.
Кога го зимав Нотево месец пред тоа дојде Z3 и веќе за новчаник бев фатен за Z3, ама успеав да почекам да дојде Ноте. Значи ич да не се мислиш за Z3, воопшто нема муабет. Тој телефон е прекрасен, има гаџети што ќе си ги докупиш (мораш!) магнетно полнење, нешто такви ствари. Има да биде милина. Ќе си ставиш се да ти биде во Stamina mode, освен Whatsap и Viber, абе телефончето е рај на душата. Поготово што е Z серија и има редовни апдејти колку толку.
Земај и не гледај назад.
S5 е феноменален телефон, ама екранот има зелена нијанса, од друга страна супериорен контраст, полош софтвер, подвеќе маски и бампери, има физички копчиња што е супер... итн.
Јас на твое место така би играл. Да имаше 6-6.1 инчи Z3/Z4/Z5 ќе го земев веројатно.

Поздрав, и да му е мерак на човек вака убаво да препорача нешто. Браво за размислувањето и за изборот досегашен. Немаш утка што и да земеш.