Нека се исчитат и нека ограничат на кого даваат да го ставаат. Доста е веќе. 3 телефона на година по производител и нека не замараат веќе. И тие 3 нека коштаат фиксна цена, 250 500 750 евра. Секоја година.
Не е тоа проблемот. Проблемот е во Ноте 4... Ноте4 910ф, Ноте 4 910ц, Ноте 4 910т, Ноте 4 910у, Ноте ... Па Спринт, па Веризон, па Индиски, па Корејски, па Т мобиле, па...
Значи од еден Ноте 4 имаш преку 10 (!!!) преку десет значи уреди за кои треба да развиваш софтвер. *вулгарности* Се нема резон, се забегува кај се стаса. Се губи контакт со реалноста. Се гледа само да се продаде следниот телефон по секоја цена. Само тоа се гледа профит-профит-профит и удел на пазар. Ништо друго не е важно. Корисникот не постои. Корисникот е само бројка која треба да го купи новиот телефон кој ќе го извадат, на кој се поправени тие грешки и има 3 нови функционалности кои се небитни, (а се скратени 2 битни).
Затоа неможе да успее андроид. Зборам, за успее-успее. Да го засакаш, да заличи барем на кратко на стабилен оперативен систем. Ама нема абер тоа да се деси.
Сони тргна во некоја насока да не заклучува телефони, да не додава софтвер, да не прави дедицирани верзии на телефони, и според мене е еден од најдобрите буџет-и-мид ценовни телефони.
Самсунг е безвезе со софтвер, ама одат на брут форс хардвер, недостижен екран, недостижна камера, процесори, рамови, ладење, батерии свашта.
Шаоми се многу добри, само кај нас се малку скапички. Да може да има достава до МК, ќе се добри конкуренти. И Оне+ исто, ќе се супер конкуренција.
Нема веќе користење на андроид телефон. Тој има рок на траење од 1 година. После таа година искача замена, и твојот телефон сибал мајката. Снаоѓај си се. Или продај го за третина од цената па земи си го новиот.
Оноа ајфонон каков интерфејс има, каков дизајн. Кој мерак е да го работиш, да заѕвониш, било што. Милина. Нема грам споредба.