Хмм и мене не ми е јасен муабетот со андроидите..
Мојов го терам веќе 7-8 месеца и супер е. Не крешува не праи никакви глупости. Инсталирано неам којзнае што, ама се што ми притребало или ми се засвиѓало имам. Брз ми е доволно, можам со два потега да го конектирам со телевизорот, можам да сменам рингтон кога ке ми здосади овој, а да не ми треба компјутер и сениор девелопер за таква проста операција. Не знам, како со ноте 4ки Дени како успева да те зеза телефонот?
Еве и Лолипоп добив, никаква мака, никаква! Во овие 7-8 месеци ми се има два пати десено да се исклучи наеднаш, односно да се рестартира, ама ваљда е тоа пошто јас никогаш не го гасам телефонот, има аптајм од 3-4 месеца. А не му дозволувам да се испразни до крај, па ваљда му скурчува по одредено време.
Ајфон 6ката е можда нај убавиот телефон што постои со предобра изработка. Феноменален е. Ама функционалност како и 3ка ајфон. Мене ми е се истото таму, еве ми ги дома и 5ка и 5S и 6, супер се телефоните не ми пречат, ама it`s not my cup of tea. Не знам, ај може ке се наканам да зеам некој ајфон, па ке видиме колку ке издржам.
BTW нареден месец искача OnePlus Two, сега за сега се знае дека ке има Snapdragon 810 v2.1 (64 битно процесорчеееее) и многу убава работа, USB Type C

Најверојатно тоа ке е мојот избор, повторно, сега за сега со кецот пре пре презадоволен!