Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1352109 пати)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5100 на: 25 Јуни 2015, 15:13:11 pm »
рестартирај рутер и рестартирај го телефонот

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5101 на: 25 Јуни 2015, 15:13:25 pm »
Шо е проблемот?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5102 на: 25 Јуни 2015, 15:15:50 pm »
Баги рестартирани се и двата :D

Мммммуууу ;D  Проблемот е што при 100% достапна мрежа, самиот моб. ми се конектира на вифи од комшијата (со 20% достапност да речеме).. и знае да прекинува и слично -.-


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5103 на: 25 Јуни 2015, 15:26:04 pm »
Нормално е тоа, сите го прават тоа.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5104 на: 25 Јуни 2015, 15:28:21 pm »
Запамтена ти е мрежата од комшијата? Се имаш некогаш конектирано на неговата мрежа со пасворд? Ако да, онда немаш проблем каков што бараш.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5105 на: 25 Јуни 2015, 15:32:07 pm »
Па ете на сликата е конектиран кај комшијата, имајќи слободен 100% сигнал кај мене дома. Дебил ;D :D

Јас ги знам пасвордите на 3-4 комшиски рутери, не ми се внесени сите.. ако ги внесам сите, на тој со најслаб сигнал-  на него ќе се конектира дебилниов галакси !   ;D

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5106 на: 25 Јуни 2015, 15:32:23 pm »
Или ти си тетовец или комшијата :)

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5850
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5107 на: 25 Јуни 2015, 15:34:10 pm »
Не се цртичките секад показател колку е јака мрежата. Имало мрежи каде се имам конектирано и на 1 цртка, а да речеме интернетот ќе е подобар и побрз од таму каде што има 3 цртки. Телефонот си знае која мрежа му е најдобра.

Стисни им Forget на мрежите од комшиите и ќе се конектира на твојата.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5108 на: 25 Јуни 2015, 15:47:23 pm »
Не се цртичките секад показател колку е јака мрежата. Имало мрежи каде се имам конектирано и на 1 цртка, а да речеме интернетот ќе е подобар и побрз од таму каде што има 3 цртки. Телефонот си знае која мрежа му е најдобра.

Стисни им Forget на мрежите од комшиите и ќе се конектира на твојата.

Па не баш... цртичките ја карактеризираат твојата врска со рутерот, а не и врската со глобалната мрежа. Пример, ако јас имам 60Мбпс пакет а рутерот го фаќам со една цртка т.е. 25%, значи ке имам 15Мбпс, а ако на друг рутер фаќам 4 цртки т.е. 100%, ама тој е позади линк од 1Мбпс... џабе, на телефонот ке имам 1Мбпс. Ова е груба математика, ама инаку, телефонот секога се поврзува според јачината на сигналот, а не спрема брзината на интернетот. Кај различни производители се користи различен алгоритам за кој сигнал да го користи и на која мрежа да се конектира, ама доста често идат на логиката, што е можно подолго да останеш на ист АП за да не прави реконектирање.

Да, решението за спенсер е да направи форгет на мрежите, ама зашто, некад ке сака да сурфа у комшии... што телефон имаш поточно?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5109 на: 25 Јуни 2015, 15:51:13 pm »
do sega I Phone koristev sega resiv za promena da prejdam na nekoj drug telefon, gi razgleduvam HTC One M9 i Samsung Galaxy S6 SM-G920F i nemozam da se odlucam... Kolega veli deka ova M9 baterijata eden den samo mu izdrzue...
И јас имав Ајфон и земав Ноте 4, како најсилен андроид телефон. Следен телефон ќе ми е Ајфон 99%. Нема споредба едноставно. Соочи си се однапред дека ќе земеш Тата Нано софтвер, а до сега си работел на Мерцедес Е класа софтвер.
се е навика, башка тој што си го зел незнам дали е најсилен андроид, може на хартија е супер ама интерфејсот на самсунг ми бил и секогаш ке им биде тиња ако евентуално нешто не сменат.

Навика е интерфејс, минтерфејс, копчиња, изглед.

Не е навика, апдејти на апликации постојани и непотребни. Не е навика да не работи апликација некоја ако не ја апдејтувам. Ниту пак да крашува камера. Или пак да си работи во позадина нешто и да не му дава на телефонот да заспие. Или да си исклучи понекогаш. Или опција да се апдејтува (кога веќе мора  >:( исклучиво кога е на полнач и WiFi - нешто основно (!!!) за iPhone) Тоа си е нормално кај сите андроид уреди. Не зборувам за мојот, туку за сите со кои сум опкружен. Различни модели и голем број марки.

Значи да појаснам, не зборувам за навика. Зборувам за видливо приплескан софтвер кој за лице кое користело Ајфон на прв поглед изгледа како Бета верзија на еден оперативен систем. Јас земав Андроид телефон заради ваквите муабети „навика било, ќе се научиш, се е средено“. А тек можам да замислам како било пред да е „средено“. Јас очекував и да има некаков проблем на телефониве, да се реши. Значи сиот тој маубет кој го слушав 5 години додека имав Ајфон уствари везе немал. И да си купев пак Ајфон пак во мене ќе постоеше еден позадински глас дека можеби се во право луѓето кои говорат. Затоа и не се каам што земав Андроид телефон. Зошто тоа е школа. А школа се плаќа. Си ги гледам позитивните карактеристики на флегшип телефонот кој го имам, како најдобар екран, голем екран, брзина и слично, и си терам во животов. Но, научив многу. Научив дека го потценив ајфонот, и ако следен пат си го купам ќе го почитувам многу повеќе од досега. Не заради телефонот како телефон, туку заради промисленоста на системот и стабилноста на круцијалните функционалности, како и соодветниот дизајн и решенија на се.

Што велиш „на хартија“, баш таму сјае Андроид. Има милион ствари, а пола скроз не работат, пола се ужасни, а најбитните крашуваат. Апликациите се комедија, дизајнерски истата апликација е доста полоша на Андроид отколку на iOS.

Андроид бил отворен - iOS бил затворен... Не сфаќам што е отворено во телефонов стварно. Неможам боја на мени да сменам. Епа ќе го рутуваш... Епа ако го рутувам овој, ќе го џејлбрејкувам другиов! Исто ми се фаќа! И башка после рут, ќе искочи апдејт па замарај се со деактивација и активација и рутирање. За разлика од тоа на мојот Ајфон претходен како што реков погоре апдејт и џејлбрејк и тераш две години. Си заборавил кога си го апдејтнал.

Што друго незнам веќе, тешко е да се објасни - се работи за искуството кое го има корисникот. Кое кај Андроид на пример се осеќам како некој да приплескал и ми го тутнал колку да ме откачи. И откога сум ги дал парите не го занимам веќе и човекот си вади утре нова верзија и си тера даље и ми вика дека со новиов телефон што го вадат ќе има уште 15 нови опции и изработки - а главните си стојат пак несредени. Си шиткаат телефони со изјачани карактеристики на хартија и различни премиум изработки и материјали кои треба да ти го фатат окото и да те подлажат. Сето тоа поткрепено со армија на корисници кои си го бранат својот избор, воопшто незнаејќи за подобро од нивното.

Тоа е моето мислење како корисник на Ајфон, кој се префрли на Андроид. Ете ако има некој друг како мене што се префрлил, нека каже тој-таа што мисли.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5110 на: 25 Јуни 2015, 15:53:34 pm »
Корисник на Симбиан, па на Андроид, па пак на Андроид, па на иОС, па на Андроид и сеа фала Богу, пак на иОС и не би сакал да се вратам на Андроид, а би имал волја да испитам Виндоус како работи на мобилни уреди.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5111 на: 25 Јуни 2015, 15:53:48 pm »
Не се цртичките секад показател колку е јака мрежата. Имало мрежи каде се имам конектирано и на 1 цртка, а да речеме интернетот ќе е подобар и побрз од таму каде што има 3 цртки. Телефонот си знае која мрежа му е најдобра.

Стисни им Forget на мрежите од комшиите и ќе се конектира на твојата.

Па не баш... цртичките ја карактеризираат твојата врска со рутерот, а не и врската со глобалната мрежа. Пример, ако јас имам 60Мбпс пакет а рутерот го фаќам со една цртка т.е. 25%, значи ке имам 15Мбпс, а ако на друг рутер фаќам 4 цртки т.е. 100%, ама тој е позади линк од 1Мбпс... џабе, на телефонот ке имам 1Мбпс. Ова е груба математика, ама инаку, телефонот секога се поврзува според јачината на сигналот, а не спрема брзината на интернетот. Кај различни производители се користи различен алгоритам за кој сигнал да го користи и на која мрежа да се конектира, ама доста често идат на логиката, што е можно подолго да останеш на ист АП за да не прави реконектирање.

Да, решението за спенсер е да направи форгет на мрежите, ама зашто, некад ке сака да сурфа у комшии... што телефон имаш поточно?

Додо, се работи за галакси алфа. Проблем е што кога сум кај мене у соба или доле у спрат на крај,или на горна улица, на мојата мрежа слабо ми фаќа (па мора комшиска)... што да праам, долга куќарка. Во дневна, низ двор и на главна улица напред е 100% на мојата мрежа. ;D :D

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5112 на: 25 Јуни 2015, 15:57:48 pm »
Абе тоа е проблемот на богатите... немаат добра WiFi покриеност :D :D :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9521
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5113 на: 25 Јуни 2015, 16:12:12 pm »
Корисник на Симбиан, па на Андроид, па пак на Андроид, па на иОС, па на Андроид и сеа фала Богу, пак на иОС и не би сакал да се вратам на Андроид, а би имал волја да испитам Виндоус како работи на мобилни уреди.

јас пробав Windows, и некако не ми напраи мерак, ограничен е сеуште со апликациите некако никако не ми стана ОК, уште го имам и го користам како службен оти тој од работа ми е крш и за маилови ми е топ ама за остало, конктати смс итн некако многу испомешан.

Имав Манго 7,5 беше многу брз ама кога отиде на 7,8 као демек најблиску до 8цата ми се успори, боље да не го апдејтирав.

Дени јас немам користено иос мене андроидод ми е сосема ок, не сум имал посебно до толку маки како што ги пишуваш. Имало некои зезанции ама многу мали и небитни. Е сега јас последниве нецели 3 години користам нексус кој не е како самсунгот и останатите со модификациите на андроидот, така да ако некогап земам ајфон кој з амене е претерано скап и не би дал толку пари за телефон ке видам

иако јас нексусот само што излезе 4ката го купив 350 долари и за тие перформанси тогаш и цена е неспоредливо дури и да е полош од ајфонот од таа генерација цената е пола

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #5114 на: 25 Јуни 2015, 16:16:47 pm »
Да за цената е во ред. Пишав и погоре ај уште еднаш да пишам. Излагањето погоре не беше за мојот Самсунг, туку и за останатите уреди со кои сум опкружен - Сони, Хтц, Нексус, ЛГ. Проблемите се слични.

Но се поефтини. Тоа е предноста.