do sega I Phone koristev sega resiv za promena da prejdam na nekoj drug telefon, gi razgleduvam HTC One M9 i Samsung Galaxy S6 SM-G920F i nemozam da se odlucam... Kolega veli deka ova M9 baterijata eden den samo mu izdrzue...
И јас имав Ајфон и земав Ноте 4, како најсилен андроид телефон. Следен телефон ќе ми е Ајфон 99%. Нема споредба едноставно. Соочи си се однапред дека ќе земеш Тата Нано софтвер, а до сега си работел на Мерцедес Е класа софтвер.
се е навика, башка тој што си го зел незнам дали е најсилен андроид, може на хартија е супер ама интерфејсот на самсунг ми бил и секогаш ке им биде тиња ако евентуално нешто не сменат.
Навика е интерфејс, минтерфејс, копчиња, изглед.
Не е навика, апдејти на апликации постојани и непотребни. Не е навика да не работи апликација некоја ако не ја апдејтувам. Ниту пак да крашува камера. Или пак да си работи во позадина нешто и да не му дава на телефонот да заспие. Или да си исклучи понекогаш. Или опција да се апдејтува (кога веќе мора

исклучиво кога е на полнач и WiFi - нешто основно (!!!) за iPhone) Тоа си е нормално кај сите андроид уреди. Не зборувам за мојот, туку за сите со кои сум опкружен. Различни модели и голем број марки.
Значи да појаснам, не зборувам за навика. Зборувам за видливо приплескан софтвер кој за лице кое користело Ајфон на прв поглед изгледа како Бета верзија на еден оперативен систем. Јас земав Андроид телефон заради ваквите муабети „навика било, ќе се научиш, се е средено“. А тек можам да замислам како било пред да е „средено“. Јас очекував и да има некаков проблем на телефониве, да се реши. Значи сиот тој маубет кој го слушав 5 години додека имав Ајфон уствари везе немал. И да си купев пак Ајфон пак во мене ќе постоеше еден позадински глас дека можеби се во право луѓето кои говорат. Затоа и не се каам што земав Андроид телефон. Зошто тоа е школа. А школа се плаќа. Си ги гледам позитивните карактеристики на флегшип телефонот кој го имам, како најдобар екран, голем екран, брзина и слично, и си терам во животов. Но, научив многу. Научив дека го потценив ајфонот, и ако следен пат си го купам ќе го почитувам многу повеќе од досега. Не заради телефонот како телефон, туку заради промисленоста на системот и стабилноста на круцијалните функционалности, како и соодветниот дизајн и решенија на се.
Што велиш „на хартија“, баш таму сјае Андроид. Има милион ствари, а пола скроз не работат, пола се ужасни, а најбитните крашуваат. Апликациите се комедија, дизајнерски истата апликација е доста полоша на Андроид отколку на iOS.
Андроид бил отворен - iOS бил затворен... Не сфаќам што е отворено во телефонов стварно. Неможам боја на мени да сменам. Епа ќе го рутуваш... Епа ако го рутувам овој, ќе го џејлбрејкувам другиов! Исто ми се фаќа! И башка после рут, ќе искочи апдејт па замарај се со деактивација и активација и рутирање. За разлика од тоа на мојот Ајфон претходен како што реков погоре апдејт и џејлбрејк и тераш две години. Си заборавил кога си го апдејтнал.
Што друго незнам веќе, тешко е да се објасни - се работи за искуството кое го има корисникот. Кое кај Андроид на пример се осеќам како некој да приплескал и ми го тутнал колку да ме откачи. И откога сум ги дал парите не го занимам веќе и човекот си вади утре нова верзија и си тера даље и ми вика дека со новиов телефон што го вадат ќе има уште 15 нови опции и изработки - а главните си стојат пак несредени. Си шиткаат телефони со изјачани карактеристики на хартија и различни премиум изработки и материјали кои треба да ти го фатат окото и да те подлажат. Сето тоа поткрепено со армија на корисници кои си го бранат својот избор, воопшто незнаејќи за подобро од нивното.
Тоа е моето мислење како корисник на Ајфон, кој се префрли на Андроид. Ете ако има некој друг како мене што се префрлил, нека каже тој-таа што мисли.