Еве што вика законот, па вие сами проценете.
Неовластено прислушкување и тонско снимање
Член 151
(1) Тој што со употреба на посебни уреди неовластено прислушкува или тонски снима разговор или изјава што не му е наменета, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни тој што ќе му овозможи на неповикано лице да се запознае со разговор или изјава која е прислушкувана или тонски снимана.
(3) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што тонски ќе сними изјава што му е наменета, без знаење на оној кој ја дава, со намера да ја злоупотреби или да ја пренесе врз трети лица или тој што таквата изјава непосредно ја пренесува врз трети лица.
(4) Ако делото од ставовите 1, 2 и 3 го стори службено лице во вршење на службата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(5) Службеното лице од став 4 кое делото го сторило по наредба на претпоставениот и го пријавило пред да дознае дека против него е покрената кривична постапка,
ќе се ослободи од казна.
(6) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична казна.
(7) Гонењето за делото од ставовите 1, 2 и 3 се презема по приватна тужба.