Брикнав едно таблетче. Андроид е срање бај дизајн. Се` почна од најкористената апликација на син ми - јутуб. Старата верзија на секое малку бараше апдејт. Апдејт преку маркет не можеше да си помине, пошто јавуваше дека апликацијата не е прописно потпишана (дигитално). Копав по нет, вика симни ром тулс, деинсталирај го јутубот од ром, и инсталирај нов. Ок, фајн. Бришам јутуб, инсталирам нов - супер, помина! Пробувам да го стартам новиот, ми вика „симни и инсталирај гугл плеј“. Ок, нема проблем, симнувам инсталирам. Палам јутуб, ме поздрави „твојот уред не е поддржан од плеј, некои апликации нема да работат“. Јутуб - јок! Факин` бјутифул! Флеш, брик, ајт у ѓубре кинескиов таблет сосе андроидот

Уствари, ќе пробам некој ден да го анбрикнам, ама чисто само да се знае колку е „супер“ андроид, од моја синоќешна гледна точка (је*оте јутуб и андроид и таблет кинески до 3 саат сабајле)...