Автор Тема: Андроид Апликации и Телефони  (Прочитано 1470025 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3420 на: 23 Август 2014, 18:21:26 pm »
Од каде?

1. Да го преплатам и да го земам од ојле дојле од Али Експрес, и можно да добијам неинтернационална верзија?
2. Да ископам инвајт од никаде, па да замарам некој од странство да го добие, па да ми го препраќа?

И во секој случај да го добијам најмалку еден месец од сега.

Гаранции, замарања максимално...

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20401
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3421 на: 23 Август 2014, 18:32:16 pm »
Знам, али многу добра понуда е моментално... И јас барам нов телефон мојов си игра курот и не знам што да земам.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4732
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3422 на: 23 Август 2014, 18:47:40 pm »
Moto X+1 би требало да биде добар,а ефтин телефон

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3423 на: 23 Август 2014, 19:52:29 pm »
Дени, не се исплаќа 1+1, така да почекај до Октомври некаде ке имаш што да избереш. ;)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3424 на: 23 Август 2014, 20:51:53 pm »
Добра понуда е само со инвајт и во земја во која има шипинг. Иначе е најтапа понуда и мачка во вреќа.
Мото имаат проблем со зрачењето.
Што ќе има во октомври? Ноут 4, ајфон 6, глупости.  Никаков баланс и забегување во резолуција како лг г3.
Едино да падне во цена Г2 или Ноут 3, зошто новите се потапа од старите.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5498
  • Пиши лаже
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3425 на: 23 Август 2014, 21:12:25 pm »
Епа шипингот е тоа што не кочи нас. :)
Инаку за понудите јас би одел на нексусот или на хтц м8 со ВП.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3426 на: 25 Август 2014, 11:21:22 am »
Кој е најдобар Андроид телефон што постои и би го имало кај нас?

Кога треба да пристигне Ноте 4?

Сони Експерија Z2?

HTC One m8?

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2832
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3427 на: 25 Август 2014, 11:48:11 am »
Кој е најдобар Андроид телефон што постои и би го имало кај нас?

Ова е премногу субјективно, некои сакаат пластика, некои метал, некои 5" некои 5,5" некој сака ванила, на некого тоа му е многу едноставно, а да не збориме и за намената.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3428 на: 25 Август 2014, 12:04:00 pm »
Дени, се е во заависност од потребата.

Ноте 3ката е супер телефон и се, ама е голем реално. Знамд ека сакаш голем телефон и ке ми кажеш дека е таман, ама не е да бидеме реални. Телефон треба да можеш ко чоек со една рака (колку толку барем) да го бараташ. НИз скопскиве гужви у кола нема да ти биде згодно со Ноте. Тоа дека е одличен телефон е! Во џеб незнам колк ке го собира ама ке ти штрчи ке те нервира и слично. Телефон повеќе за работа. Ако работиш доста на елефон (батали филмови, јутуб и фејсбук) ако си константно на мејл, пишуваш, праќаш и доста работи ти зависат од тоа тогаш ДА најдобриот избор ете.

Сони-то е супер телефон. Z2ката е супер. Арно ама е телефон каде што е посветено многу внимание на камерата, искрено знам деак тебе уопште не ти е битно тоа на телефон. Така да да платиш таа сума а главниот момент да е тоа што не ти треба незнам. Дизајн одличен. Интерфејс онака. Ипак збориме за хај енд телефони. Ке се навикнеш, добар е брзичок и се. И водоотпорен е, за секој слчај кога ке правиш Ice Bucket Challenge.

HTC-то е некој компромис..вложено е во дизајнот, квалитетот на материјалите, ама одземале од камерата. По мене а и по многу други Sense от е најдобар оверлеј на андроид. Тоа значи брз и слично. Металниот дизајн е најдобар од овие што ги пиша, ама камерата е најлоша од сите. процесорот е мислам ист со Z2 а со ноте 3 незнам, ама по бенчмаркови ХТЦ-то го стигна Ноте (ако нешто ти значи).

Така да ако ти треба телефон како телефон, според твојот вкус бирај меѓу ХТЦ-то и Сони-то, па стави го и LG во муабет. Сите етлефони ке ти завршат иста работа, со никој нема да имаш мака. Вкусот е у прашање, дали сакаш почист андроид дали го сакаш оверлејот на сони или Sense. А ако сакаш поголем телефон и ноте-то ти е со добра големина и можеш да живееш секојдневно со него, одличен телефон.

Е сега, знам дека за ноут4 пиша ти, тој ке искочи за 10 дена на 3ти септември. Ке изгледа доста добро и квалитетно (по сликите досега) само пак ке кажам 5.7 инча е многу. Уствари Ноте 3 не е телефон, не е класифииран како телефон туку phablet нешто измеѓу.

Така да многу е тешко да се каже кој е најдобар, по перформанси треба да биде Ноте 4 по сите логики пошто покасно излегува и мора да има појак хардвер за да успее да се натпреварва како што треба со другите, а овие двата се рамо до рамо, ако во едно е едниот подобар во друго е другиот и се нијанси во прашање

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3429 на: 25 Август 2014, 12:12:18 pm »
Фала Дејвокер што се потрудуваш да ми образложиш и прошли пат и сега. Добредојдени се коментари од сите.

Што би одбрале, и зошто? Ве прашува најдобриот другар за совет, вие што би му препорачале да си купи?

HTC One M8 http://www.gsmarena.com/htc_one_(m8)-6074.php
Најмал екран, а големи димензии. Премиум изработка, но подложна на надворешни влијанија. 801 процесор на 1920 резолуција, врвни перформанси во тоа поле. Помала батерија но нуди 9 часа Web Browsing http://www.gsmarena.com/battery-test.php3?idPhone=6074

Samsung Galaxy Note 3 http://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_note_3-5665.php
Најголем екран, големи димензии. Пластична изработка, подложна на надворешни влијанија. 800 процесор на 1920 резолуција, меѓу најдобри перформанси на тоа поле. Голема 3200mAh батерија и нуди 9 часа Web Browsing http://www.gsmarena.com/battery-test.php3?idPhone=5665

Sony Xperia Z2 http://www.gsmarena.com/sony_xperia_z2-6144.php
Среден екран 5,2 инчи, големи димензии. Пластична изработка, отпорна на надворешни влијанија. 801 процесор на 1920 резолуција, врвни перформанси. Голема батерија која нуди 11 часа WebBrowsing. http://www.gsmarena.com/battery-test.php3?idPhone=6144

Samsung Galaxy S5 http://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_s5-6033.php
Помал екран 5.1 инчи, но најмали димензии. Пластика отпорна на надворешни влијанија. 801 процесор и 1920 резолуција, брвни перформанси. Нешто над 9 часа WebBrowsing.

LG G3 http://www.gsmarena.com/lg_g3-6294.php
Поголем екран со голема резолуција (дали е потребна е под знак прашање). Пластика подложна на надворешни влијанија. 801 процесор на 2560 резолуција, послаби перформанси. Голема батерија, но компромитирана веројатно од екранот и нуди под 7 часа WebBrowsing.

Samsung Galaxy Note 4 http://www.gsmarena.com/samsung_galaxy_note_4-6434.php
Најголем екран со голема резолуција (дали е потребна е под знак прашање). Пластична изработка, 805 процесор со Adreno 420, што би требало да даде врвни перформанси и покрај резолуцијата. Вееројатно 3200mAh батерија, но заради резолуцијата веројатно не многу голема автономија. Кога би дошол кај нас?

Ако ви текне некој друг телефон, слободно посочете го.
Какви се вашите размислувања? Кои аргументи би ги употребиле за расправа? Зошто баш тој избор?


П.С. DayWalker појакиот хардвер како што пишав на Ноут 4 може да ја обесчести батеријата лесно, види кај G3 што се случува заради таа резолуција. Ја ништи кутрата батерија.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30846
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3430 на: 25 Август 2014, 12:19:45 pm »
Мојот избор би бил меѓу HTC One M8 или Sony Xperia Z2, меѓу понудениве.

Гласам за HTC пошто највеќе ми се свиѓа дизајнот (иако со М8 го „усапунија“ малку), а и пошто ми се свиѓа металната изработка. Имам одлично искуство со Sense и мислам дека би ми било тешко да се префрлам на нешто друго.

Истовремено, би го препорачал Xperia Z2. Моментот со водоотпорност е практичен, јебига, а и верзијата на Андроид што ја нуди Сони е сосема во ред - ја користам на таблетот и генерално добро си функционира.

Со Самсунг немам (скоро) никакво искуство, па не би можел да кажам one way or another. Ноут телефоните (за мене барем) се преголеми. Не би можел да носам педеруша само за да го носам телефонот.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3431 на: 25 Август 2014, 12:20:50 pm »
Моментално гледам и за мене,чекам да излезе Ноут 4-ката па ќе се одлучам дали тоа или С5-ка.
Мене лично џабе ми е премиум изработка ако неможам да уживам во нејзе,односно да мора цело време да ми биде замотан телефонот. :D
Не работам некој богзнае каков мултитаскинг за да ми одлучуваат делови од секунда во поглед на перформанси.
Батериите како шо можам да видам се горе-долу тука некаде.
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30846
    • CARclub.mk
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3432 на: 25 Август 2014, 12:23:14 pm »
Се слагам за тоа со мотањето телефони. Затоа никогаш не сум можел да поднесам никакви футроли за телефон. Имав и за Sensation-от, имам и за One Mini-то. Ги толерирам ден-два и после тоа ги вадам.

Да куцнам у дрво, не ми се десило до сега да сјебам ептен телефон.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3433 на: 25 Август 2014, 12:36:12 pm »
Дени, да тоа е тоа што го зборам. Ноте-то во своето време имаше појако хардверче од останатите..Сите имаа 600 процесор он 800 и поголема батерија. Така идат тие работи нели. А се слагам со Класниот.

Ја би брепорачал ХТЦ оне, али и самсунг С5 искрено.
САмсунгот е океј телефонче. Малце ОС-от е глупичок, али се навикнувааш. Повеќе е таков гимики шарен. Екранот повеќе ми се свиѓа на Самсунгот пошто нуди по живи бои (амоледче) додека кај ХТЦ-то е по реални бои.
САмсунгот и новите функции во него се интересни, ништо посебни ама интересни. Големината е таман, изработката, ОК (не на ниво на метал) ама не би ми речело искрено. Само што искрено кај самсунгот ме нервира тоа што треба да платам голмка сума за телефон кој може да биде и поефтин а не да ме лажат со сензорот за отчукување на срце и слично. Екстрим повер сејвинг модот на Самсунг е реално подобар од оној на ХТЦ, факт.

Значи по мене би било или самсунгот или Хтц-то. Стварно ни јас самиот незнам што би си избрал, ама мислам дека ке отидам пак на ХТЦ-то и тоа ако имам можност уште утре.

QHD е супер, ама реално рано е. Нема нигде каде да го употребиш. Едноставно е само на хартија. Додека да се оптимизираат апликациите за такво нешто ке помине сигурно повеќе од година дена (тогаш веќе сите ке почнат и да вадат такви екрани) па изборот ке е и поголем и поефтин. Мислам дека сеуште е рано. Пошто нити филм ке изгледаш со таа резолуција ни ништо. така да резулцијата е full hd сегде, а QHD на позадината.

Да имаше ХТЦ-то само ЕДНА камера позади каква таква, без размислување, вака ме нервира по малце таа дупка уште една ама би живеел со тоа. Самсунгчето е супер колку што го имам чепкано до сега. Гледај еден од овие два (или ноут ако ти е ОК големината) Другото батали го, единствено Сони-то ако толку ти се свиѓа да го земеш, Лџ и слични батали.

Искрено мислам дека самсунот нуди повеќе во други држави него кај нас (како и Ајфон). Значи тие фингерпринт сензори и слично не се за џабе. Во странство на телефонот ти се врзани и картици и мартици и се па е голема заштита тоа. Кај нас тоа е " еј еје види" и толк, не се користи а и нема каде да се користи како што треба.

Едно време користев маска за телефонот и јас, сега не. Еве го 5 месеца скоро веќе ема никаква гребнатинка никаква.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55352
  • Махер
Одг: Андроид Апликации и Телефони
« Одговори #3434 на: 25 Август 2014, 12:45:37 pm »
Да имаше ХТЦ-то само ЕДНА камера позади каква таква, без размислување, вака ме нервира по малце таа дупка уште една ама би живеел со тоа. Самсунгчето е супер колку што го имам чепкано до сега. Гледај еден од овие два (или ноут ако ти е ОК големината) Другото батали го, единствено Сони-то ако толку ти се свиѓа да го земеш, Лџ и слични батали.

E што ми кажа сега!?
Само дека LGто да не го гледам, другите сите се добри. G2 ги измачка на леб претходнициве - така добро, затоа морам да го земам во предвид. И кога искочи Г2 беше непродаван и неисфуран, но сега е на врвот и од следнава генерација иако е веќе застарен има наследник и е со упола цена од С5 и сличните. Ама мислам дека Г3 не е тоа, тоа. И до некаде се сложувам дека не е соодветен за споредба со конкурентиве. Се надевам не грешам.

Ноут 3 е супер, само сега на 3ти Септември ако го донесат Ноут 4, страв ми е да не падне цаната на Ноут 3 и да се каам. А ако не изреагираш инстантно уште сега за Ноут 4, ќе го нема на лагер.

Зошто ли зошто ставија толицко екранче на M8, па уште и со онскрин копчиња да ти кратат простор. Ах, ах, ах бреееее ах, вакви ситници како вадат од кожа.