А од овие што би одбрале?
HTC One mini 2 - најмал екран и мала резолуција, S400 процесор.
HTC One M7 - среден екран, S600 процесор.
LG G2 - Голем екран, одлична батерија, S800 процесор, ама па сапун дизајн.
Nexus 5 - Голем екран, S800 процесор, ама па викаат дека е најслаба батеријата.
За иста цена.
Реално марсовец да дојде и да нема претстава за дизајн, јасен е изборот LG G2 без дискусија, се е најјако во телефонот, пари на рака LG за рака. Ама па од друга страна сапуницата е тешка за соживот. Незнам како е во живо, може и не е лош, ама тоа Самсунзите заради тоа не ми се баш сјајни, дизајнот им е катастрофа.
Нексус 5 реално е одличен, ама кај ја упикаа онаа батериај што ја хејтаат сите... Има ваерлес чарџинг, божем ќе си ставиш на биро тинтир минтир да си се полни. Тоа е перфектно не викам не, ама кога ќе си се наместам на плажа (што често ми се случува) тикви ваерлес чарџинг. Сепак батерија не е нешто на што би сакал да ускратам.
Уан мини, одличен дизајн, ама па процесор тапа, што незнам дали ќе се примети РЕАЛНО. И екран најмал, и мала резолуција, што пак ќе кажам, незнам дали ќе се примети реално. Некако одбивно ми е тоа, ама па во рака е супер.
HTC One, е застарен има нов, ама па далеку е од лош. Не е со 800 процесор, ама и 600 не е лош. Јас игри не играм, ама за нормална употреба може да е солиден. Дизајн добар, батерија добра. Ако се испонадгради се до даска ќе дојде 99% ист (во реалноста, не во глупости) со HTC One M8. Реално гледано. и од таму ми е најпривлечен. Е ама фали некој сантим екран во поглед на LG, фали малце на процесор, ама па метал - некоја да речеме златна средина. А и најдобар интерфејс, најкорисен да речам со Сенс 6. Тоа што е застарен ме плаши да не почне да оди надвор од поддршка за 1 година и да треба да го фрлам во ѓубре.
Да се опрчиш 29000 за HTC One M8 па многу е за овој тип на телефони зошто ќе застари со следната генерација значително. Иако е феноменален M8 сепак, малку иритирка тоа што има лајсна за звучник доле, па лајсна за лого (богзнае за кој фалус е таа лајсна) па после лајсна за копчиња. И доаѓаат 3 лајсни една под друга. Малку кога ќе го забележиш тоа еднаш тешко излегува од памет. Големичок, а не е толкав екранот со други зборови. Тоа HTC логото требало да е лајсната со копчиња и таман. На стариот си беше така. Веќе ќе го купев така. А вака... Од поскапиве едино тој долази у обзир.
Самсунг С5, ем сапун ем скап. Свашта.
Ноут 3, добар екран, сапун, скап.
LG G3, добра димензија на екран, ама па претерана резолуција (непотребно веќе) зошто не е приметна, а корне процесор. А и велат слаб контраст на екранот, задушена делува сликата. А и скап е.
Што викате? Ова докторат треба да се спреми за да избереш телефон.