Имам впечаток дека многу брзо ми ја арчи батеријата... А пробувам да неам милион ствари уклучено, односно, пуштено ми е или Ви-Фи, или 3Г, исклучен ГПС, намалена светлост на екранот итн итн, а пак некако брзо ја арчи. Еве на пример, сабајлево кај 7:40 го отштекав од струја, пуштени само горенаведените ствари, без слушање музики и слично, а веќе е на 92%, за помалку од два саата... Прилично сум сигурен дека ајФонот подобро ми држеше батерија, со многу повеќе ствари вклучени.