@Zile @KaZaN енд еврибади :
Купив шаоми редми ноут 13 4г. Проблемот е користење на гугл мапс. Кога возам/користам, не ми го дава точниот пат и правец, и константно си менува рути. Исто така, не ми пишува со која брзина возам, дополнително и во самата апликација на гугл мапс, место стрелка е ставено автомобил (фабрички, јас не сум местел ништо) и "автомобилот" е на косо поставен додека се движи. (ме асоцира на некалибриран сензор)
Според јутуб, направив калибрација (мавтање во небото) ама џабе.
Приметив и каснење на апликацијата. Јас сум пред џамбо а ме покажува дека сум на југодрво.
Некој ваш предлог или мислење?
Јас не сум захтевен корисник. Сега за сега сум задоволен. 3 дена ми трае батеријата.