принаполни го малку со апликации и слики-клипови.. ке ти се разјасни многу брзо зашто е толку евтин... 
На сите мои преносни уреди, телефони, лаптопи и компјутери се инсталирани само оние програми кои реално се користат. Нема ништо ставено само затоа што ета „ја иам најновата верзија на пичкесиматерине“ која ќе ја упалам еднаш-двапати пред другарите и толку.
Јас компјутерот/таблетот/телефонот не го сфаќам како подвижна колекција на секакви шарени апликациички, игрици или српско/руски клипчиња кои ќе ги упалам еднаш или ниту еднаш.
Под мое влијание, и сопругата ја гледам дека се согласува со таа доктрина.
Сликите се чуваат во облак, а клиповите на јутјуб означени како приватни.
Но, дури и да го напунам (а нема) знам како да го оптимизирам системот да не трошам џабе меморија и процесор.
Нема ниту фајрфокс ниту хром: вградениот браузер си е екстра. Исто и вградениот мп3 плеер брка работа. Исто и вградениот програм за листање слики. Итн итн... Повеќето сајтови, и покрај тоа што ти нудат да инсталираш некаква апликација за да ги гледаш, се подеднакво функционални и во нивната мобилна верзија.
Греота е да се троши процесорска снага за просто да се компензира за лошата информациска хигиена. Ако тураш све и свашта, ни пентиум 24 со 1241 егзабајти меморија нема да ти биде доволен. Ако тураш само она што навистина ти треба, и најевтиниот уред и тоа како ќе ти брка работа (во денешно време и најслабуте уреди не се воопшто слаби во апсолутни рамки)
Така да, не се сеќирај, си лизга теблетчето.
A прашањето кое би сакал да го поставам е, дали го погледна ова?
Како не, тој беше прв кандидат за купување. Заради него искочив у продавница.
Аинолот многу ме бендиса со спецификациите и како изгледа од надвор: делува солидно, цврсто, анти-фуш, стокмено, ко скап фенси уред. Меѓутоа екранот е полош. Не е до контрастот и боите, просто премногу се познава лцд матрицата (т.е. црното измеѓу) и читање екниги станува многу брзо напорно. Значи, не зборувам за резолуција, ни за контраст, ни за бои, зборувам за некаква елузивна „финоча“ која не знам како точно да ја опишам. Ако едната крајност е ретина дисплеј, а другата ефтина рамка за дигитални слики, аинолот тера накај второто. Леновото е без конкуренција, изгледа како премиум apple или samsung дисплеј. Асусот е осетно полош од леновото, но има преодна оценка. Но, во мојот дневник, Аинолот сепак не успеа да стигне до двојка, и покрај тоа што беше прв, најпрв кандидат за купување.
Ако е за повремено користење, фејсбук телефон клипчиња ахаха шана фана, тогаш е генијален. Но, за читање црни букви на бел екран со саати - екранот според моја субјективна оценка сепак не задоволува. Тоа беше единствената причина зашто на жена ми и зедов асус а не аинол. Немаше друга причина. Има и побрз процесор, и повеќе меморија, и боља камера, и повеќе фичри, ама џабе. Екранот не проаѓа.
Многу се замислив кога искочи Некусот, највеќе заради спецификациите на хартија.
Овој Asus Fonepad 7 е Google Nexus со друга значка и малку различен софтвер. Такоречи идентични. Разлика ко Ибица, Фабија и Поло. Иста платформа.
Така бар пишуе на интернет.