Јас имам позитивно искуство со Xperia Z1, поточно редовно го имам на располагање за прочепкување.
Одлична, брза машина со прекрасна камера. Дизајнот или ти се допаѓа или не, ама морало да се жртвува нешто за да биде водоотпорен телефонот. Стакло напред и назад, пластика од страните (тенок е, нема многу пластика).