Одговор на последното прашање: Фауве

Сеа друго, за платформата. Модуларната платформа овозможува голф и пасат да делат „ист концепт“, но трагот, меѓуоскиното растојание (а со тоа и просторот во кабина) e одреден од конкретната платформа. Во прес рилисот се споменуваат платформите на новите голф, леон и а3. Значи таа е платформата, таа е класата. И така ќе биде оценета и од Euro NCAP, како small family car, за разлика од passat-от кој е во класата на large family cars.
Autobild.de очигледно не знае веќе со што да ја спореди, па да му помогнеме. Нека ја споредува со конкуренцијата вон фамилија. Можеби подобар впечаток ќе добиеме за возилото.
Значката не е битна. Имиџот е битен. Да те постетам само, дискусијава почна кога реков дека Фауве си бра прст во око, и дека благодарение на политиката, шкода и октавија може да испадант од игра. Или можеби ќе испадне џета од игра. Сеедно. Некој е вишок. Кога би се држел до ставот Шкода да биде брендот кој треба да може јас да си го приуштам во МК, како просечен македонец, тогаш би било далеку подобро и за шкода и за фауве.