Супер ова за Ангедоти.. Само случаите што јас ги знам не беа анегдоти туку пракса.
па анегдотите СЕ пракса, иначе не би биле анегдоти
читни ја статијата, таму пишува што е проблемот со аргументирањето „чичко ми ова, другарот она...“
Ко за 159 та на другар ти..
??
каде виде таму изнесување генерални заклучоци од типот „шкода е боља од алфа, ЗАТОА ШТО другарми ова другарми она..?“.
Напротив, уредно се оградив од какви било генерални заклучоци, експлицитно потенцирав дека НЕ ми е намерата да тврдам било што и дека тоа го изнесувам само како тривиа, занимлива анегдота
Затоа и е важно да секој пред куповина проба бидејќи најважно од се е да човек лично задоволен. Возилата ги купуваме за наше лично уживање, така да не е ни битно што велат другите ако нас ни е по ќеиф
така е!
Ќе признаеш дека ако сум имал до сега 4 бензинци и со никој од нив проблем, а брат ми 5 дизели и со сите проблем, дека не е само случајност дека и дека има нешто
примерокот просто не е доволно репрезентативен за носење генерални заклучоци. Коли има миљарда, твојот примерок е 9. Кватни флуктуации можат да направат поголема разлика од искуство со 9 од миљарда коли. :-)
Ти ќе кажеш: имам негативни искуства со 5 дизели и позитивни со 4 бензинци
Јас ќе кажам: имам негативни искуства со 5 бензинци и позитивни со 4 дизели
и сеа шопраиме?
и двата искази се ПОДЕДНАКВО вистинити.
кој е у право?
двата искази се подеднакво вистинити, но и подеднакво безвредни за извлекување генерални заклучоци. Кој и да е у право просто не можеме да утврдиме од анегдоти. Ни требаат други методи доколку сакаме да извлекуваме генерални заклучоци.
значи, мојата забелешка не е од областа на автомобилизмот, туку од областа на методологијата, што овој пост го прави во суштина offtopic :-)