Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61404 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #360 на: 04 Март 2013, 14:19:57 pm »
(годишната километража ми се фаќа 15000-20000 км)

на таа релативно мала годишна километража и честото возење кратки градски релации има поента да се откажеш од благодетите на дизелот, особено што за возврат добиваш многу убаво ауто.

со здравје да си ја возиш хондата и ти посакувам многу безгрижни пристигања на дестинацијата! кога ќе даеш крукче? :-)


Инаку стравот од кваровите на дизелот не беа засновани само на читање. Имам близок пријател што мака виде ептен со Астра Дизел (прв сопственик, купена од салон)). На крај ја продадоа и купија Астра Бензин.

Исто брат ми е дизелаш и тоа Рено dCI (имаше неколку Kangoo, па Scenic, па Лагуна). На сите прв сопственик и купени од салон. Со сите имаше  проблеми со моторот (дизни и слично), освен со Лагуна -та. Со Qashqai -то 2.0 dCI сега за сега нема проблем.

За кругче кога сакаш :)


поздрав


Дарко

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #361 на: 04 Март 2013, 14:20:43 pm »
Одличен избор, не сум слушнал поплака за ЦРВ од некој што го поседува. Обично го критикуваат тие што никогаш не го поседувале, најчесто не го ни провозеле :)

За цената нема подобар избор според мене, ич не ни треба такво возило дома, иако едно време се мислевме да земеме. Се надевам доста поскап ќе биде новиот па да не ми создава главоболки ;D
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #362 на: 04 Март 2013, 14:22:21 pm »
Што збориш... Џип бензинец за 15.000км годишно. Јака ти душа.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #363 на: 04 Март 2013, 14:25:42 pm »
Што збориш... Џип бензинец за 15.000км годишно. Јака ти душа.

:) До сега сите коли ми биле бензинци и сите трошеле горе доле исто :)

Инаку со парите што ги заштедив (ми испадна одличен дил) , и со спас од потенцијалните проблеми и тоа како ми останува за гориво и да не се секирам дали и колку троши :)


поздрав

Дарко

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #364 на: 04 Март 2013, 14:32:04 pm »
Одличен избор, не сум слушнал поплака за ЦРВ од некој што го поседува. Обично го критикуваат тие што никогаш не го поседувале, најчесто не го ни провозеле :)

За цената нема подобар избор според мене, ич не ни треба такво возило дома, иако едно време се мислевме да земеме. Се надевам доста поскап ќе биде новиот па да не ми создава главоболки ;D

Токму така.. Инаку моторот иако е 2.0 не е истиот од Акорд.Ако си навикнат на Акорд ова ќе ти биде тромо. Од друга страна ЦР-В то е одлично возило што нуди убаво и удобно возење и ептен простор.

поздрав

Дарко

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #365 на: 04 Март 2013, 14:32:08 pm »
Со здравје да си ја возиш и уште многу безгрижни километри да поминеш! Имав дилема само дали си зел дизел или бензин, 99% бев сигурен спрема твоите текстови дека ке земаш Јапанац! ;D

Нешто малку околу ДПФ филтерот и проблемите врзани со него. Знам дека е проблем кај соверменеите дизели и под влијание на лошите горива што ние ги тераме овде и возењето на кратки релации знае да направи проблеми.

Јас Живеам во Велес, и не верувам дека возиш, пали гаси на пократки релации од мене? Точно е дека процесот за регенерација се повторува почесто кога возиш само градска на кратки релации но на пример мене тоа не ми направило проблем од проста причина што е многу приметливо кога тој процес се активира. Обртаите се зголемуваат за околу 300 рпм и моторот го менува звукот, а може да осетиш и мал лаг при притискање на гаста како и зголемена мометална потрошувачка на бордот.

Во такви моменти јас практикувам да излезам на обиколница и да ја повозам 10 минути на констатни околу 2.500 рпм и работата е завршена.




Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #366 на: 04 Март 2013, 14:34:13 pm »
Со здравје да си ја возиш и уште многу безгрижни километри да поминеш! Имав дилема само дали си зел дизел или бензин, 99% бев сигурен спрема твоите текстови дека ке земаш Јапанц! ;D

Нешто малку околу ДПФ филтерот и проблемите врзани со него. Знам дека е проблем кај соверменеите дизели и под влијание на лошите горива што ние ги тераме овде и возењето на кратки релации знае да направи проблеми.

Јас Живеам во Велес, и не верувам дека возиш, пали гаси на пократки релации од мене? Точно е дека процесот за регенерација се повторува почесто кога возиш само градска на кратки релации но на пример мене тоа не ми направило проблем од проста причина што е многу приметливо кога тој процес се активира. Обртаите се зголемуваат за околу 300 рпм и моторот го менува звукот, а може да осетиш и мал лаг при притискање на гаста како и зголемена мометална потрошувачка на бордот.

Во такви моменти јас практикувам да излезам на обиколница и да ја повозам 10 минути на констатни околу 2.500 рпм и работата е завршена.






И покрај стварно долгите, возам и многу кратки релации и тоа често. Инаку ми се виде некако премногу робување околу моментот регенерација, па излегување по обиколница и слично. Од читањето форуми, гледање реални проблеми сепак се решив на бензин.


поздрав

Дарко

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #367 на: 04 Март 2013, 14:36:25 pm »
Инаку стравот од кваровите на дизелот не беа засновани само на читање. Имам близок пријател што мака виде ептен со Астра Дизел (прв сопственик, купена од салон)). На крај ја продадоа и купија Астра Бензин.

http://en.wikipedia.org/wiki/Anecdotal_evidence

нема да ти кажам дека јас не сум имал никакви проблеми со сите четири дизели кои до сега сум ги употребувал екстензивно (два мои, еден служнбен) бидејќи анегдотите се ирелевантни.

исто така, нема да ти набројувам еден куп негативни (и скапи) искуства со бензинци кои ги имале познаници/роднини, бидејќи - повторно - анегдотите се ирелевантни.

релевантна е статистиката.

Само ќе ти кажам дека „детските болести“ кои ги имаа поранешните верзии на dci се отстранети. За астра не знам.

уште еднаш: со здравје да си ја возиш хондата. Еден комшија мој купи иста таква како твојата и стварно, од аспект на патник, е многу пријатна.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #368 на: 04 Март 2013, 14:38:28 pm »
Одличен избор, не сум слушнал поплака за ЦРВ од некој што го поседува. Обично го критикуваат тие што никогаш не го поседувале, најчесто не го ни провозеле :)

За цената нема подобар избор според мене, ич не ни треба такво возило дома, иако едно време се мислевме да земеме. Се надевам доста поскап ќе биде новиот па да не ми создава главоболки ;D

Токму така.. Инаку моторот иако е 2.0 не е истиот од Акорд.Ако си навикнат на Акорд ова ќе ти биде тромо. Од друга страна ЦР-В то е одлично возило што нуди убаво и удобно возење и ептен простор.

поздрав

Дарко

Не сум сигурен ама мислам дека е ист со мојот Акорд, односно Акордот од последната генерација. Претходниот Акорд 2.0 од 2003та до 2008ма беше 2.0 DOHC, сега е 2.0 SOHC. Моторот од Civic 1.8 преработен во 2.0.

Се согласувам дека претходникот беше пожив, ама овој е по штедлив. Поседував 2.4, сега 2.0, разлика небо и земја :)

Сум возел ЦРВ и мене ми е сосема ок, секако далеку од некои спортски перформанси или некое влечење и се согласувам дека му фали сила на поголеми брзини, ама исто и на мојот Акорд му фали.

Инаку атмосферец бензин е наједноставен избор, на сметка на перформансите нормално. Со турбаши не значи дека сигурно ќе ти се случат скапи проблеми, но поголема е можноста. Сеедно дали е бензин или дизел.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #369 на: 04 Март 2013, 14:39:23 pm »
Инаку стравот од кваровите на дизелот не беа засновани само на читање. Имам близок пријател што мака виде ептен со Астра Дизел (прв сопственик, купена од салон)). На крај ја продадоа и купија Астра Бензин.

http://en.wikipedia.org/wiki/Anecdotal_evidence

нема да ти кажам дека јас не сум имал никакви проблеми со сите четири дизели кои до сега сум ги употребувал екстензивно (два мои, еден служнбен) бидејќи анегдотите се ирелевантни.

исто така, нема да ти набројувам еден куп негативни (и скапи) искуства со бензинци кои ги имале познаници/роднини, бидејќи - повторно - анегдотите се ирелевантни.

релевантна е статистиката.

Само ќе ти кажам дека „детските болести“ кои ги имаа поранешните верзии на dci се отстранети. За астра не знам.

уште еднаш: со здравје да си ја возиш хондата. Еден комшија мој купи иста таква како твојата и стварно, од аспект на патник, е многу пријатна.


Супер ова за Ангедоти.. Само случаите што јас ги знам не беа анегдоти туку пракса. Астрата беше на мојот ортак, а другире на брат ми. Така да баш сум ги гледал проблемите во прво лице. Од друга страна со бензинците што ги имав до сега немав апсолутно никаков проблем. Ќе признаеш дека ако сум имал до сега 4 бензинци и со никој од нив проблем, а брат ми 5 дизели и со сите проблем, дека не е само случајност дека и дека има нешто :)

поздрав

Дарко

п.с. Со Кашкаи -то нема никаков проблем а го има барем 3 години. Додуша неговиот е 2.0 дЦИ  а сите со кои имаше проблем беа 1.5 дЦИ

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #370 на: 04 Март 2013, 14:39:35 pm »
Нешто слично е и кај мене, и јас возам и долги но и многу кратки релации.

Најголемиот проблем со ДПФ-от е неинформираноста на корисниците и тоа што при купување никој не им кажува на луѓето што да направат во такви моменти.

Пред мене имаше женска во МАС која плачеше дека и се сјебал ДПФ-от на Мерџанот ама тоа го разбра од кога и ја дошлепаа колата на сервис. Кога ја прашаа како не си видела кога се регенерира филтерот ептен приметлив процес е, она само рече: Абе мене никој ништо не ми кажал, појма немам ни што е тоа ни како треба.

Вакви случаи има и кај мажите и тоа многу, некна еден ме прашаше зошто му се зголемувале обртаите на моторот изгледа некој фабриќки дeфект му бил. Отидов ја запаливме се провозевме и му објаснив што е и дека не е никаков дефект. Му олесна на човекот и ми рече абе никој нит ми кажал нит спомнал нит сум знаел дека има вакво чудо?

Не сите се заинтересирани за колата што ја возат. Едноставно купил, пали и тера и ја носи на сервис кога ке и дојде време.

Поздрав!


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #371 на: 04 Март 2013, 14:42:15 pm »
Одличен избор, не сум слушнал поплака за ЦРВ од некој што го поседува. Обично го критикуваат тие што никогаш не го поседувале, најчесто не го ни провозеле :)

За цената нема подобар избор според мене, ич не ни треба такво возило дома, иако едно време се мислевме да земеме. Се надевам доста поскап ќе биде новиот па да не ми создава главоболки ;D

Токму така.. Инаку моторот иако е 2.0 не е истиот од Акорд.Ако си навикнат на Акорд ова ќе ти биде тромо. Од друга страна ЦР-В то е одлично возило што нуди убаво и удобно возење и ептен простор.

поздрав

Дарко

Не сум сигурен ама мислам дека е ист со мојот Акорд, односно Акордот од последната генерација. Претходниот Акорд 2.0 од 2003та до 2008ма беше 2.0 DOHC, сега е 2.0 SOHC. Моторот од Civic 1.8 преработен во 2.0.

Се согласувам дека претходникот беше пожив, ама овој е по штедлив. Поседував 2.4, сега 2.0, разлика небо и земја :)

Сум возел ЦРВ и мене ми е сосема ок, секако далеку од некои спортски перформанси или некое влечење и се согласувам дека му фали сила на поголеми брзини, ама исто и на мојот Акорд му фали.

Инаку атмосферец бензин е наједноставен избор, на сметка на перформансите нормално. Со турбаши не значи дека сигурно ќе ти се случат скапи проблеми, но поголема е можноста. Сеедно дали е бензин или дизел.

Гледаш не знаев дека новиот акорд исто има SOHC. Новиот го немам возено, а стариот  го имам возено и во 2.0 DOHC и во 2.4 верзија.

Далеееку по живо од мојот :). Не е така страшно, ама само сум искрен :). Инаку за турбашите знам дека 1.2 ТСИ имаа многу проблеми со турбината, исто 1.4 . За дизелите веќе го пишав својот став, така да.. :)


поздрав

Дарко

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #372 на: 04 Март 2013, 14:56:04 pm »
Супер ова за Ангедоти.. Само случаите што јас ги знам не беа анегдоти туку пракса.

па анегдотите СЕ пракса, иначе не би биле анегдоти

читни ја статијата, таму пишува што е проблемот со аргументирањето „чичко ми ова, другарот она...“

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #373 на: 04 Март 2013, 14:59:38 pm »
Супер ова за Ангедоти.. Само случаите што јас ги знам не беа анегдоти туку пракса.

па анегдотите СЕ пракса, иначе не би биле анегдоти

читни ја статијата, таму пишува што е проблемот со аргументирањето „чичко ми ова, другарот она...“


Немам потреба. Веќе купив возило што ми праи ќеиф а пробав во ПРАКСА возила што ми праат и што не ми праат.

Едно од возилата што не ми прави ќеиф беше Кашкаи со 1.5 дЦИ плус проблемите што ги гледав во на брат ми возилата.

Секако тоа е субјективно и лично чуство. За да го тргнам моментот анегдота ги направив возењата. За да го избегнеш моментот АНЕГДОТА дали проба некои други возила освен возилото што го купи, и на колку време? Дали куповината ја направи на теоретско читање или сепак направи некаква тест пракса?


Затоа и е важно да секој пред куповина проба бидејќи најважно од се е да човек лично задоволен. Возилата ги купуваме за наше лично уживање, така да не е ни битно што велат другите ако нас ни е по ќеиф

поздрав

Дарко :)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #374 на: 04 Март 2013, 15:46:49 pm »
Со здравје да си ја возиш хондата, одличен избор си направил и барем од аспект на проблеми, со хонда нема што да се секираш. :)