Одличен избор, не сум слушнал поплака за ЦРВ од некој што го поседува. Обично го критикуваат тие што никогаш не го поседувале, најчесто не го ни провозеле
За цената нема подобар избор според мене, ич не ни треба такво возило дома, иако едно време се мислевме да земеме. Се надевам доста поскап ќе биде новиот па да не ми создава главоболки
Токму така.. Инаку моторот иако е 2.0 не е истиот од Акорд.Ако си навикнат на Акорд ова ќе ти биде тромо. Од друга страна ЦР-В то е одлично возило што нуди убаво и удобно возење и ептен простор.
поздрав
Дарко
Не сум сигурен ама мислам дека е ист со мојот Акорд, односно Акордот од последната генерација. Претходниот Акорд 2.0 од 2003та до 2008ма беше 2.0 DOHC, сега е 2.0 SOHC. Моторот од Civic 1.8 преработен во 2.0.
Се согласувам дека претходникот беше пожив, ама овој е по штедлив. Поседував 2.4, сега 2.0, разлика небо и земја
Сум возел ЦРВ и мене ми е сосема ок, секако далеку од некои спортски перформанси или некое влечење и се согласувам дека му фали сила на поголеми брзини, ама исто и на мојот Акорд му фали.
Инаку атмосферец бензин е наједноставен избор, на сметка на перформансите нормално. Со турбаши не значи дека сигурно ќе ти се случат скапи проблеми, но поголема е можноста. Сеедно дали е бензин или дизел.