Дарко, прво многу да те пофалам за исцрпните постови.
Стварно треба да има вакви постови од некој кој посветел доста време да го најде тоа сто го бара.
Ама колку и да некој опишува детално, друго е кога лично ќе се седне и повози возилото.
Така јас сакм да додадам коментар за KIA Sportage 1.7 Дизел.
Лично и јас во моментов барам некое "Џипче" односно кросовер за жена ми па ќе ги наведам моите размислувања и искуства.
Сега за сега имам ја имам возено само Киата, ама мене лично ми направи многу ќеиф.
Прво да објаснам дека бара нешто до 15000 Евра и бев спремен дека за таа сума ќе мозам да си дозволам само несто половно по можност 2-3 години старо и со километраза не поголема од 80000км.
Бензинци не ни доагаат во предвид. Мислам дека бензинците кои се нудат со смешни 1.2 или 1.4 па дури и 1.6 мотори не само сто се поспори од модерниве дизели туки и секогаш повеќе ќе трошат.
А мене возилово ми треба и за градска вожња и за на отворено, знаци ќе се вози секој ден.
Киата мене ми се допаѓа највеќе во класата, значи поубава ми е визуелно од IX35, Forester и Yeti.
Единственио Tiguan ми е поубав.
Исто така внатре изгледа доста ОК, дури и доста едноставен и суптилен дизајн има. Уште кога прв пат седнав мењачот и потпирачот ми се наместија идеално на лактот и дланката, значи некако ептен ми легна.
Моторот 1.7 со 115кс е малку слаб ама за низ град е солиден и е со 6 брзини. Многу убаво и тивко работеше и лесно влечеше на ниски обртаи.
Ама да, би сакал да е појак.
Овој што го пробав е со најслаба опрема, има аутоматска клима, ама тоа јас не го рачунам за опрема.
Радиото ми се свиѓаше што има опција за УСБ и за iPhone iPad.
Сум седнал во CR-V и во HR-V и ентериерот во Хонда ми е мене стварно мизерен, ја поштувам Хонда за квалитет и издршливост, ама за дизајн и изглед се стварно мизерни.
Сум се возел во Yeti 1.2, Opel Antara и во Captiva и тие не ми направија толку ќеиф ко Киата.
Следно да го пробам ми е Tiguan.
Па ќе пишам мое искуство.
Можда и психата ми делува бидејќи за цената која ја добив за Киата не мозам ништо друго да споредам.
Ја начекав од еден близок прекупец кој ја зел во компензација од Киа со ниска цена. Ми ја остави за 16500 Евра нова!