Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61469 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #105 на: 22 Февруари 2013, 18:19:04 pm »
Ок :) Продолжувам како што најавив со искуството што го имав со Шкода Јети. Возев две верзии, една 1.2 TSI во Elegance ниво на опрема и два пати Шкода Јети 2.0 ТДИ во Амбиент ниво на опрема.

Шкода Јети ме бендиса како концепт уште кога се појави. Тогаш имав прилика да пробам 1.2 ТСИ ама бидејќи не бев скроз решен дали да менувам кола ја провозев само по обиколница и низ Скопје. Имав мала предрасуда према марката, меѓутоа кога седнав и почнав да возам сватив дека нема место за предрасуда, и дека Јети е фантастична кола. Ме бендиса ептен удобноста на возењето и ергономијата. Елеганс нивото нуди фантастични седишта (за жал нема опција за алкантара) со лумбална подршка, ксенон светла, подпирач за лакт што може да се подеси по висина, добар систем (Болеро), итн итн.. Ме изненади колку добро вози во поглед на стабилност, удобност.. 1.2 ТСИ до 120 км/ч одлично влече, ама над 120 км/ч веќе фали снага (над 120 км/ч го доживеав чуството слично како во мојата HONDA HR-V со 1.6 Мотор атмосферец). Морам да признаам дека во тој момент едвај се воздржав да не ја купам, и веројатно да постоеше во тоа време варијанта со 1.4 ТСИ на лагер немаше да се воздржам. Уште еден момент што ме натера на воздржување беше што 1.2 ТСИ сеуште беа нови на пазарот и немаше доволно тестови на издржливост или жалби на реални корисници. И исто имав (и веројатно сеуште имам  :) ), предрасуда во поглед на downsizing на мотори концептот. И покрај зачудувачките перформанси за 1.2 мотор, имав впечаток дека нема да биде издржлив ради покомплексниот начин на изведба со турбо компресорот во ТСИ моторите.

После извесен период кога ми созреа куповината на кола се вратив уште еднаш и пробав Шкода Јети со Амбиент ниво на опрема со мотор од 2.0 ТДИ 110 кс. Овој пат ја имав колата цел еден ден, и ја пробав од Скопје до Охрид , Охрид - Маврово, па назад во Скопје. Во оваа верзија ми фалеа гаџетите од Елеганс (лумбарна подршка, ксенон и слично), ама во секој случај истото чуство во поглед на удобност, стабилност и некако забавно возење. Исто 2.0 ТДИ 110 кс е веќе доволен мотор за ова возило. Осетно подобро влечење од 1.2 тси и тоа од почетна па до крајна брзина. Исто ова е моторот што најмалку ми потроши од сите. Тука да нагласам и ова важи за сите коли што ги пробав, дека не возев експериментално со цел да потроши што помалку, туку возев во стилот на возење што би возел и без да пазам. Јети -то феноменално лежи во кривини, нема никакво љуљање и 2.0 ТДИ 110 кс е  добар мотор. Имав замерка за шкрипење на пластиката што е како обрач околу инструментите (украсна пластика која знае да крцка :) ). Ова крцкање не го приметив кај претходната Јети така да можда ова беше само на ова возило. Исто ми беше замерка што нема 5 -та брзина, ама може да се преживее. Кога се вратив во Скопје бев зачуден колку малку потроши а ја возев доста брзо. Не влегов во Скопје и продолжив по обиколница до патарина, и на тој дел ја возев најбрзо што можев, и дефинитивно вози добро и троши малку. Конечно влегов во Скопје, ресетирав компјутер и ја возикав низ град, ја качив по кривините до Средно Водно и се вратив дома :). Тука направив тест на простор, односно ставив два точаци во багажник. Тука Јети е фантастично решен бидејќи има играње со задните седишта, нуди рамен простор со спуштени седишта.. Може да се лизгаат напред/назад (освен средното), може да се извадат секое поединечно или сите.. И покрај малиот багажен простор како волумен, има многу можности за простор, се дури не седат луѓе на задните седишта. Меѓутоа ако се возат 5 -ца, тогаш веќе просторот е помал иако и така не е лош (го мерев и за нијанса е поголем него во Honda HR-V). Размислував дека можеби Јети е одлично димензиониран во поглед на димензии и во комбинација со штосовите со задните седишта, бидејќи е тамам и за низ град а и за патување (се дури не патуваат 5 -ца).

Во случај на неможност за играње со задните седишта (ако седат патници на задните седишта, иако и тогаш може да се излизгаат седиштата напред на сметка на комфорот на патниците) веќе багажниот простор е мал (поготово ако се оди во верзија со резервно тркало), ама сепак искористлив ради правата форма. Покрај малиот багажник (што е релативна замерка, може да е и врлина ради добриот компромис град/отворено во поглед на димензии), дизајнот му е на моменти ми е убав на моменти многу ружен. :) .

Како и да е сериозно се запалив за Јети и тоа решив да ако купувам ќе биде верзија со 4WD, Elegance ниво на опрема, и тоа доградено со дополнитени нешта (ко паркинг сензори напред/позади, разни штосови ко греачи на прскалки, дупла сенка за сонце..) и со мотор од 2.0 ТДИ 140 кс или 170. За изборот на моторот имав сериозна дилема од причина што дизелот дефинитивно фантастично вози, меѓутоа ме загрижуваа потенцијалните скапи проблеми со дизелот, посебно со DPF во однос на режимот на возење што го правам. Бидејќи живеам во  центар имам доста кратки а чести возење што читав дека може да биде лошо за современите дизели. Од друга страна па летно време имам многу долги возења :) ). Се мислев и за 1.4 ТСИ или дури и 1.8 ТСИ, ама немав опција да пробам, а и уште имав предрасуда за издржливоста на ТСИ моторите(во меѓувреме читав и за доста проблеми со ТСИ турбината), па побарав понуда сепак со ТДИ 140 односно 170 кс. Морам да признаам дека едвај се возржав да не ја купам. Не ја купив само поради:

1. Сватив дека кај нас луѓето имаат предрасуда за Шкода и со нивото на опрема што го сакав, погонот на сите тркала и моторот ТДИ 140 или 170 кс, како и доплата за гаранција до 5 години (за да не се секирам за потенцијалните пробеми со дизелот), дојдов до релативно висока цена (иако прилично реална), и дека би изгубил многу при продажба на возилото, бидејќи просекот на Шкода Јети кај нас е Амбиент опрема, преден погон и 2 години гаранција.

2. Релативно малиот багажник ако се возат повеќе луѓе (ама сепак поискористлив од Qashqai).

3. Тоа што возилото со опрема, мотор и слично што ја сакав, морав да ја чекам неколку месеци.

Како и да е Шкода Јети ми влезе во апсолутните фаворити за купување, и да ја имаше на лагер во боја/опрема што ја сакав веројатно и ќе ја купев.. Инаку единствена боја што дефинитивно не сакав да купам (ова важи за сите возила) беше црна :) ) Шкода Јети ја сакав во Mato Brown боја


Наредно возило што пробав и чиј што опис ќе следи: VW Tiguan :) 1.4 TSI 150ks


поздрав

Дарко


Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #106 на: 22 Февруари 2013, 18:29:03 pm »
А купи кола или уште тестираш? :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #107 на: 22 Февруари 2013, 18:31:47 pm »
А купи кола или уште тестираш? :)

Чекај бе нели гледаш дека приказната се раскажува ти одма сакаш крајот да го слушнеш :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #108 на: 22 Февруари 2013, 18:32:29 pm »
А купи кола или уште тестираш? :)

Нормално дека купив :) Ја купив во Август месец и од август до сега веќе имам 7300 км направено :)


поздрав

Дарко

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29719
    • CARclub.mk
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #109 на: 22 Февруари 2013, 18:33:18 pm »
Igor, don't ruin it. :D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #110 на: 22 Февруари 2013, 18:34:48 pm »
Не не, нека биде тензично. ;D
Само ме интересираше дали купил. :)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #111 на: 22 Февруари 2013, 18:36:05 pm »
Едвај чекам да прочитам уште искуства! Само напред!!!




поздрав

Дени





Отсутен edonos

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3557
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #112 на: 22 Февруари 2013, 19:21:51 pm »
И јас.



Поздрав

Едон

;D ;D ;D
People should not fear their government.The goverment should fear its people.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #113 на: 22 Февруари 2013, 19:34:24 pm »
Даре, може да забележам дека 1.2 TSI сепак ти оставил подобар впечаток од 1.5 DCI, може само да замислам што би пишал да имале на лагер 1.4 TSI.



Него пиши го и третиот тест, па и четвртиот. Петок е денес утре не сме у школо :D


ps: него како усепаваш да ги добиеш коливе на толку детални и долги тестови ?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #114 на: 22 Февруари 2013, 19:38:24 pm »
Даре, може да забележам дека 1.2 TSI сепак ти оставил подобар впечаток од 1.5 DCI, може само да замислам што би пишал да имале на лагер 1.4 TSI.



Него пиши го и третиот тест, па и четвртиот. Петок е денес утре не сме у школо :D




Не сме :) Ама јас имав продолжен викенд :) и сега патам со работен викенд :) . Ако најдам време ќе пишам денес, ако не утре :)

За да биде поинтересно ќе кажам дека летово тестирав и Mazda CX 5, и тоа 2.0 Бензин со Revolution опрема и автоматски менувач, како и дизел варијанти (мануелен и дизел) со пониско ниво на опрема :).

поздрав


Дарко

п.с. Сериозно бев заинтересиран за купување, и точно знаев што сакам (морав да пробам за да видам дали е тоа тоа :) ). Исто куповината не зависеше од кредит туку од спремен буџет (релативно растеглив). Повеќето импортери во МКД се прилично професионални во тој поглед. Ама од друга страна добив возило на тест и кај импортери што буквално прв пат во живот влегов.За мене тест не е тест ако не извозам барем 100 км и тоа и на автопат и по кривини

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #115 на: 22 Февруари 2013, 19:43:40 pm »
Е Маздичето е више класа над овие...

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #116 на: 22 Февруари 2013, 19:44:42 pm »
Е Маздичето е више класа над овие...

Трпение :) Ќе го чуеш мојот став на крај :)

Ако одговорам пред време нема да биде интересно :)


поздрав

Дарко

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #117 на: 22 Февруари 2013, 22:01:45 pm »
А маздата од кај ја зема? Не беа пропаднати летово?

Поздрав

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #118 на: 22 Февруари 2013, 23:15:11 pm »
А маздата од кај ја зема? Не беа пропаднати летово?

Поздрав


Со оглед дека нашиве од Аутокомерц ме мафтаа едно 2 месеца за цена и дека ќе добијат со можност и да се проба, и цело време "утре",  јас паралелно комуницирав со Мазда Словенија, Хрватска :) кои ме препратија во Мазда Србија најблиску во Ниш. На крај се најавив во Ниш и една Сабота отидов таму каде што добив точни цени, тест возење и дружење во кафана :).

Инаку секоја чест на луѓето од Мазда Ниш.. Неверојатно добра услуга и профи однос. Ама деталите при тестот за Мазда :)

поздрав

Дарко

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #119 на: 23 Февруари 2013, 00:36:57 am »
Sekoja cest za Mazda. E toa e kola. Besmrtna, kvalitetna i napravena do sovrsenstvo. So ubavo da si ja vozis.