Здраво на сите. Подолго време ве читам и до сега немам реплицирано. Меѓутоа на оваа тема сепак ќе споделам мое искуство и мислење.
Пред да почнам посебен поздрав до Симо , ФилипВ и Јаре (со кои што мноооогу одамна на други форуми дискутиравме други теми (Informa BBS, Dzunica и сличните од тоа време
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
)
Со оглед на хобија што имам (mountain biking, скијање и слично), последните две возила (прво SUZUKI VITARA, па Honda HR-V) што ги возев како и новото (трето) се СУВ (ќе пишам на крај кое
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
).
Исто секое лето проаѓаме барем 5000 км на одмор (пред две години во два месеца пројдов 10000 км
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
), Па ми е битно и како вози во поглед на удобност и разна опрема.
Минатата година дојде момент за промена на возило и купување на ново. Секое од потенцијалните возила ги возев и тоа минимум по 200 км, а некои од нив ги имав и цел викенд. Ќе пишувам по редоследот на мојот интерес и по редоследот на возењето.
1. Nissan Qashqai. Ова беше првото возило што бев загреан да го купам. Имено брат ми поседува верзија со 2.0 dCI Мотор и 150кс, и со највисоко ниво на опрема TEKNA и со 4WD (Bose аудио, Xenon, Кожни седишта, сончев кров, 19 ки бандажи... итн итн). И покрај што сум се возел милион пати, го имав еден продолжен викенд и тоа ме запали да дефинитивно мењам кола
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
. Дефинитивно ме бендиса како влече 2.0 моторот и дефинитивно овој мотор е правиот за оваа кола. Исто релативно добро држење, иако помалку се клати ама ништо страшно (веројатно 19 -те допринесуваат до тоа а можда и погонот на 4 тркала за сепак доброто држење). Опремата во оваа верзија допринесува за уживање, иако имав осет дека сепак 32000 еур се премногу пари и покрај опремата и моторот. Главната поента на СУВ е флексибилноста и просторноста. За жал Qashqai -to нема задна клупа што се лизга, исто кога ќе се спуштат задните седишта останува не тотално рамен под, и во комбинација со релативно низок кров едвај сместив два точаци во багажник (дури мислам дека во HR-V -то поради рамната форма полесно собира, и не е се во литражата на просторот).
Сепак решив да дадам шанса и тоа на поевтината верзија со 1.5dCI мотор, сончев кров и обични седишта и со погон на 2 тркала. Нивото на опрема мислам дека беше Acenta. Ми дадоа возило за тест и го имав цел викенд. Прво што приметив е дека моторот сепак не работи така рафинирано како 2.0 верзијата. Во лер го имаше оној момент на дизел, мало тресење, што не го приметив во верзијата со 2.0 мотор.
Како и да следеше тест до рибникот кај Паланка и назад а утредента до Маврово, Галичник па до Охрид и наредниот ден назад до Скопје.
За жал следеше разочарување од возењето. Дефинитивно моторот не е соодветен за ова возило, односно е тром.. На момент покажува снага и мускул, ама само определен момент. Го нема оној thrill што ми го правеше 2.0 dCI. Исто и јас и девојка ми приметивме дека по криивни се клати и тоа многу и двајцата стигнавме зашеметени (дефинитивно различно го доживеавме од Текна 4WD верзијата на брат ми). Ко да возам друга кола буквално.. Не знам дали беше субјективно чуство или стврно толкава разлика во возење може да направат разликата во големината на тркалата и погонот на 4 тркала. Исто не бев среќен што фали Xenon , прилично неудобни седишта (не можев никако да се наместам да ми биде удобно), прилично лош систем итн итн.. Сето ова во комбинација со мал простор и нефлексибилност направи да дефинитивно се откажам од купување на Nisan Qashqai и да барам понатаму. Исто мене барем во тој тест период не ми успеа да ја извадам онаа потрошувачка што ја читам на форумов
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
).
Бидејќи и така постов е долг
![Smiley :)](https://forum.carclub.mk/Smileys/FlatEmoji/smiley.gif)
Ќе продолжам утре со наредното возило што го имав на тест.. SKODA YETI 2.0 TDI i Skoda Yeti 1.2 TSI
поздрав
Дарко