Ако си казнува соодветно така требит исто како и во секој друг град
Да али во најнепроодното уличе низ градов да ти брои игли во брза помош ? Каиш да имаш врзано ? Резерва сијалици ? Зелен елек ? Све до детал..
- Каиш? Секако. Секаде, и до продавница. Едноставно, мора.
- Резерва сијалички? Да. Не само што е законска обврска, туку е и практично да ги имаш. Што ако возиш некаде богу-иза-трегера и ти цркне сијаличка?
- Зелен елек веќе не е законска обврска, но повторно, практично е да го имаш ако си ноќе во неосветлна околина.
- Пакет за прва помош е законска обврска, но колку што знам не е стриктно дефинирано што треба да има во него.
Тоа дека го тупат џандари, го тупат, но за вакви работи барем, здравиот разум би требало да ти е поважен од законските обврски.
За тупење секогаш има некој.
Инаку во потполност се слагам со тебе, освен за сијаличките.
Скоро сите нови возила почнаа да вградуваат LED сијалици, а оние пак кои немаат LED, промената на рецимо средно светло е комплицирано и треба да се прави во сервис. На некои возила е потребно да се извади фар. И како ке помогне тоа што ако јас имам резервна сијалица а колата ми има LED-ови? Пример за новиот пасат, еве како оди процедурата за промена на сијаличка:
А што правиме за цената на чинење на сијаличките?
Глупост е сијалица да се чува, и тој закон треба да се смени.
Заради безбедноста во сообраќајот, да, се слагам да се казнат несовесните возачи со изгорено светло, но за тоа да постои начин. Пример, те сопира полиција, забележува неисправност на возилото и ти зима лични податоци, значи си евидентиран во базата. Следно сопирање и проверка на твојот акаунт, дека си добил предупредување за нешто, а не си го средил, ке бидеш казнет. Ова е потребно заради тоа што кај нас луѓето се неодговорни, па ако полицијата те пушти, јас сум убеден дека само 5% од 100% ке го одстранат дефектот во рок од 5 дена. Нормално постојат исклучоци, кои ке бидат потврдени и образложени.
Инаку јас во кола си носам и сијалица на кабел, штеклампа, чисто од кај знам што све може да се задеси на пат. Ако ништо друго ке мафтам со неа за да бидам виден.
Елечето е добро заради лична заштита кога се излегува на пат, автопат и слично. Многу си поприметлив така, + флуоросцентните ленти. Добро е да се носи.
За се има решение