Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1412199 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #7170 на: 10 Јули 2015, 10:15:12 am »
Не, регулаторна не е тело од вчера туку постои со години. Се слагам со додо, ако не е регулаторна ќе ни ебат мајката мп и ло.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Цена на горива
« Одговори #7171 на: 10 Јули 2015, 10:31:39 am »
Па, меѓу редови така ќе му дојде. Они се „олеснувачи“ во преговорите.

Шала на страна. Регулаторот има за задача да одреди, највисока цена на горива во малопродажбата, како резултат на некои фактори, ги знаеме сите. Тоа што никој од бензиските не нуди цена пониска од максималната, треба да се бара во извештаите од финансиското работење на компаниите, колку е нивната маржа.
Моментално во МКД не се преработува сурова нафта, бар јас такво инфо имав. Од тука можеме да извлечеме заклучок дека ние во големо зависиме од тоа по која цена ќе ги земеме, готовите или полуготовите деривати од странство. Имајќи предвид фактот што цените на горивата во странство се барем 20% поскапи (незнам дали е заради акцизата или што) не е позитивен момент во мислењето што можеби преовладува дека увезуваме ефтино гориво.

Што се однесува до гасот.
Како и секогаш, идеата е убава, реализацијата е таа што не чини. Секогаш тие квази приватно/државни п-ја лошо менаџираат. Да се разбереме, ние не сме Германија па да постои колективна свест дека ако јас како индивидуа влечам материјална корист од нешто на сметка на другите, тоа не е во интерес на колективот, секогаш што и да се случи ќе имаме скапи горива. Милион пати сум го спомнал примерот на Норвешка и Нигерија како производители на нафта.

Да потсетам со примерот со Телеком. Мораше да дојде некој странец за да прави толкави профити? Очигледно да.

Причините не се само економски, картелски или незнам какви. Причината сме самите ние. Не само Македонија, туку општо како луѓе, едноставно сакаме да грабаме ко да ќе снема утре. А работите функционираат на принципот „за мене да ми се раздени, тебе треба да ти се стемни“ Од ништо, нешто не се прави.

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2791
Одг: Цена на горива
« Одговори #7172 на: 10 Јули 2015, 11:01:10 am »
Телеком е одличен пример! Фирма која ги имала сите предуслови и поволности да биде убер-супер-турбо најдобра, дремеше така. Дојдоа странците и телеком почна да прави огромни профити и успешно да работи со третина од вработените и сеуште имаат превработеност! Пред 20 години кога уплативме за телефон, го добивме после 2 или 3 години! Не е дека немале техничка можност, не е дека имале некоја пречка, едноставно, зашто да се трудат кога нив тие им се парите, таа им е платата и секако ке ја добијат, сега кога некој треба да изработи за да го задржи местото и да ја добие платата е поинаку.

На тема Регулаторна, стварно ама баш секој може да седне и да си пресмета колку ке биде корекцијата на цената, еве и тука на форумов имаше еден куп точни пресметки или барем многу блиску, така да навистина нема ништо спорно во утврдувањето на највисоката цената.

Отсутен talepp

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 88
Одг: Цена на горива
« Одговори #7173 на: 13 Јули 2015, 14:14:52 pm »
benzinot + 0.50   dizelot -1.5 den      ocekuvajte od utre  plinot   +2/3 denari

Отсутен pero sipino

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 220
Одг: Цена на горива
« Одговори #7174 на: 13 Јули 2015, 15:24:59 pm »
а зошто да го поскапат плинот 3 денари зошто не го поевтинат ако е поевтин повеќе че возиме и повеќе че тураме гориво оти ни изгледа поевтино реална цена би била 20 ден а и 25 ко шо беше не беше многу рајат капата на страна турај и вози 2.5 денари на километар

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7175 на: 13 Јули 2015, 15:30:17 pm »
Сезона на одмори е и низ државава транзитираат многу странци и нашинци што работат таму. Коа ќе видиш дека 99% од нив возат на бензин, додади дека и сите Срби се плинаши, државничката логиката вели сад ил никад за полнење на буџетската каса :):):) Другово поскапување нема благе везе со економска или каква било друга, сем политичка логика.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #7176 на: 13 Јули 2015, 15:44:41 pm »
Ај по 100ти пат да се знае само дека буџетската каса повеќе ќе се полни со поефтино гориво.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7177 на: 13 Јули 2015, 15:53:34 pm »
Ај по 100ти пат објасни ја таа логика молим те...

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Цена на горива
« Одговори #7178 на: 13 Јули 2015, 15:56:42 pm »
Ај по 100ти пат објасни ја таа логика молим те...

Државата си зема фиксна акциза од литро гориво. Да речеме 30ден/литро, ме мрзи сеа да барам точна сума.

На бензинска ако е 50 ден/литро и 150ден/литро, државата зема иста сума, 30 денари. Само што, ако е 50 денари, ќе има многу поголема потрошувачка, однего при 150 ден/литро. :)

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7179 на: 13 Јули 2015, 16:11:25 pm »
Ај по 100ти пат објасни ја таа логика молим те...

Државата си зема фиксна акциза од литро гориво. Да речеме 30ден/литро, ме мрзи сеа да барам точна сума.

На бензинска ако е 50 ден/литро и 150ден/литро, државата зема иста сума, 30 денари. Само што, ако е 50 денари, ќе има многу поголема потрошувачка, однего при 150 ден/литро. :)

Точно, но што е со ДДВ-то?!?!?!
Епа ДДВ се пресметува на крај, што ќе рече на основната цена се додаваат сите давачки (акцизи, еколошки такси, преработки и сите други салтанати ) и сето тоа преставува основица за пресметка на ДДВ. За да биде попроста пресметката ќе речеме дека сето тоа е 100 ден за литар + 18% се 18 ден за државата, што не е сличај пример ако основицата е пример 50 ден за литар + 18% тоа се 9 ден за државата. Груба пресметка да не навлегуваме во детали.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7180 на: 13 Јули 2015, 16:20:00 pm »

Најголем дел од парите што ги плаќаме за гориво оди за покривање на рафинериската цена, која во моментов за бензинот од 95 октани изнесува 33,081 денар, за бензинот од 98 октани 34,722 и за дизелот 32,865 денари. Неа регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија ја корегира на секои две недели врз основа на просечната цена на сурова нафта во тој период, курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на соодветните нафтените деривати на светскиот пазар. Секој фактор си има своја тежина во формулата за пресметка, а кога ќе се случи еден параметар да оди горе, а друг долу како што беше сега кога нафтата и дериватите поскапеа секој со различен процент, а доларот поевтини, тогаш е можно и цените да одат во различен правец.

Но, математиката тука не застанува. На рафинериската цена на горивата се додаваат акцизите (21,995 денари за еуросупер БС-95, 22,049 за еуросупер БС-98 и 12,258 денари за еуродизел БС Д-Е В), кои се променливи само во износ колку да се заокружи на цел или половина денар крајната цена. Нејзиното ѕидање продолжува понатаму со фиксните трошоци за промет кои изнесуваат 3,20 денари за литар од било кое гориво, трошоците за превоз од 0,50 денари за литар, надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати од 0,89 денари за литар бензин и 0,30 денари за литар дизел и надоместокот за финансирање на активностите во областа на животната средина од 0,08 денари за литар бензин и 0,03 денари за литар дизел. На крај, на сето ова, се додава уште 18% ДДВ.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7437
Одг: Цена на горива
« Одговори #7181 на: 13 Јули 2015, 16:21:40 pm »
^- И ти си во право, но во тој случај побарувачката нема да биде иста. Собери одземи, резултатот е тука некаде ;D :D  

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7182 на: 13 Јули 2015, 16:24:18 pm »
^- И ти си во право, но во тој случај побарувачката нема да биде иста. Собери одземи, резултатот е тука некаде ;D :D 

Хехехе, си приметил разлика во сообраќајот последниве години?? НЕ! Заклучок, колку и да е скапо горивото, македончето не се откажува од навиката да оди со кола по мастики :):):) секоја чест на исклучоците каде колата е потреба.
Прилив во буџетска каса за палми, плажи итн итн.....ал ми ти сакаш.....

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Цена на горива
« Одговори #7183 на: 13 Јули 2015, 16:24:51 pm »
50 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литро, за 1000 денара наточени 20 литри од кои 300 денара акциза и 180 денара ддв. 60 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литра, за 1000 денара наточени 16.66 литри од кои 250 денара акциза и 180 денара ддв. 70 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литро, за 1000 денара наточени 14.3 литри од кои 215 денара акциза и 180 денари ддв. На 50 денара литро во државна каса од 1000 денара наточено гориво влегле 480 денари, на 60 денари литро влегле 430 а на 70 денара од литро влегле 395 денара. ДДВ то ти е исто на сумата на сметката независно од литражата така да не ти е точна математиката а плус ако земеш и фактор заради повисока цена има помала потрошувачка што значи тоа е додатна загуба за државата.

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Цена на горива
« Одговори #7184 на: 13 Јули 2015, 16:37:43 pm »
50 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литро, за 1000 денара наточени 20 литри од кои 300 денара акциза и 180 денара ддв. 60 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литра, за 1000 денара наточени 16.66 литри од кои 250 денара акциза и 180 денара ддв. 70 денара литро гориво на пумпа, акцизата е 15 денара од литро, за 1000 денара наточени 14.3 литри од кои 215 денара акциза и 180 денари ддв. На 50 денара литро во државна каса од 1000 денара наточено гориво влегле 480 денари, на 60 денари литро влегле 430 а на 70 денара од литро влегле 395 денара. ДДВ то ти е исто на сумата на сметката независно од литражата така да не ти е точна математиката а плус ако земеш и фактор заради повисока цена има помала потрошувачка што значи тоа е додатна загуба за државата.

Математикава не ти чини пошто мешаш баби и жаби! ДДВ-то е вклучено во крајната цена а не се додава како што ти си пресметал ( 1000х18% = 180 мкд ДДВ туку од сметка што чини 1,000 мкд на ДДВ отпаѓаат 153 МКД) Точно е дека ако земеш фиксна сума пример 1,000 мкд државата ќе има помалку прилив бидејки и литражата на гориво што ја точиш е помала бидејки цената на литар е поскапа.
Или во твојот пример, прво литражата е 20 па потоа 16,66 и на крај 14,3.
Јас ви кажувам дека пресметката оди по ЛИТАР гориво. ако ја направиш истата математика, АМА литражата да е секогаш еве 20 литри, ќе видиш дека државата има ите како голем ќар.
Единствено македончето ќе треба да плати повеќе:
20 литри х 50 мкд = 1,000 (ДДВ 153 мкд)
20 литри х 60 мкд = 1,200 (ДДВ 183 мкд)
20 литри х 70 мкд = 1,400 (ДДВ 213 мкд)

Се надевам дека е малку појасно сега на што алудирам