Па, меѓу редови така ќе му дојде. Они се „олеснувачи“ во преговорите.
Шала на страна. Регулаторот има за задача да одреди, највисока цена на горива во малопродажбата, како резултат на некои фактори, ги знаеме сите. Тоа што никој од бензиските не нуди цена пониска од максималната, треба да се бара во извештаите од финансиското работење на компаниите, колку е нивната маржа.
Моментално во МКД не се преработува сурова нафта, бар јас такво инфо имав. Од тука можеме да извлечеме заклучок дека ние во големо зависиме од тоа по која цена ќе ги земеме, готовите или полуготовите деривати од странство. Имајќи предвид фактот што цените на горивата во странство се барем 20% поскапи (незнам дали е заради акцизата или што) не е позитивен момент во мислењето што можеби преовладува дека увезуваме ефтино гориво.
Што се однесува до гасот.
Како и секогаш, идеата е убава, реализацијата е таа што не чини. Секогаш тие квази приватно/државни п-ја лошо менаџираат. Да се разбереме, ние не сме Германија па да постои колективна свест дека ако јас како индивидуа влечам материјална корист од нешто на сметка на другите, тоа не е во интерес на колективот, секогаш што и да се случи ќе имаме скапи горива. Милион пати сум го спомнал примерот на Норвешка и Нигерија како производители на нафта.
Да потсетам со примерот со Телеком. Мораше да дојде некој странец за да прави толкави профити? Очигледно да.
Причините не се само економски, картелски или незнам какви. Причината сме самите ние. Не само Македонија, туку општо како луѓе, едноставно сакаме да грабаме ко да ќе снема утре. А работите функционираат на принципот „за мене да ми се раздени, тебе треба да ти се стемни“ Од ништо, нешто не се прави.